ПОСЛЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ УСОГЛАСУВАЊА, 4. ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПАКЕТ Е ПРИФАТЕН ВО СИТЕ ЗЕМЈИ НА ЕУ

Денес, уште пет земји-членки се усогласија со техничкиот столб на 4. железнички пакет донесен 2016 година: честитки до Германија, Данска, Хрватска, Словачка, Летонија за постигнување на оваа важна пресвртница на патот кон единствената европска железница!

Што значи тоа за корисниците на железничкиот превоз

Железничкиот пазар во патничкиот превоз сега е целосно либерализиран, односно Европскиот парламент, по долгогодишната жестока дебата помеѓу сите засегнати страни, го поддржа четвртиот пакет на железнички закони. Така, од 2020 година, пазарот на домашни услуги за патнички превоз со железница ќе се отвори со доделување на права за отворен пристап на сите железнички претпријатија (ЖП) од ЕУ.

Кај националните железнички превози на патници, веќе се либерализираа комерцијалните услуги. Тоа се комерцијални услуги што не се во рамките на договорот за јавна услуга (ПСО), односно не се субвенционираат. Дали Хрватска, Словачка и останатите земји кои сеуште имаат еден превозник ќе добијат конкуренција во домашниот железнички патнички превоз ќе дознаеме за неколку години.

„Ударот“ на домашниот патнички превоз може да се случи од 2022 во Словачка и Летонија, односно 2023 година во Хрватска, кога ќе се воведе обврската за јавно наддавање за доделување на договори за јавни услуги (ПСО), кои претставуваат околу две третини од железничките услуги во Европа.

Секој превозник од друга земја-членка на Унијата ќе може да се натпреварува за субвенционирани линии од буџетските фондови на државите, регионите и градовите.

На пример во Хрватска, домашниот превозник HŽ Putnički prijevoz има околу 150 договори за субвенционирање на транспортот, а она што би можело да биде интересно за странските железнички компании е приградскиот сообраќај во Загреб, со оглед дека најголем проток на патници во оваа област.

Либерализацијата на пазарот треба да биде позитивна како за патниците, така и на државните буџети. Но, железничките синдикати истакнуваат дека ова може да доведе до нелојална конкуренција, но и дека четвртиот железнички пакет не обезбедува подобра заштита за вработените во јавниот превоз и условите за работа. Затоа, претстојната либерализација може да доведе до социјален дампинг.

Европската Комисија смета дека либерализацијата на пазарот, т.е. конкурентскиот притисок создаден од новите бизниси, ќе ги присили постојните даватели на услуги да се прилагодат и ќе бидат повеќе насочени кон потребите на потрошувачите.

Сепак, истакнува, исто така, дека конкурентноста не е цел сама по себе, а земјите-членки сепак ќе можат да доделуваат договори директно за обезбедување на услуги од јавен железнички превоз под одредени услови (обезбедување подобра услуга на патниците), но исто така ќе го ограничуваат и пристапот на новиот оператор до одредени линии во одредени ситуации. Ваквата одлука ќе мора да биде придружена со објективна економска анализа од страна на националниот регулатор.

Што значи овој пакет за железничките превозници

Поедноставување на постапките околу сертифицирањето на железничките превозници и одржувачи на железнички возила за работење на национално ниво.

Досега употребните дозволи за железничките возила, потребни за да сообраќаат на одредена национална мрежа во рамките на ЕУ беше потребно да ги добиете од националниот орган. Со овој пакет целокупниот процес на ниво на ЕУ го водите пред Европската железничка агенција за сите земји членки каде мислите да работите.

Исто така ова важи и за одржувањето на железничките возила за кое ви беше потребно лиценцирање на национално ниво. Сега можете да го побарате од Европската железничка агенција за земји членки на ЕУ каде мислите да оперирате.

Со други зборови, помина времето кога националните тела успеваа на некој начин да ги заштитуваат домашните железнички компании од надворешна конкуренција преку овие органи.

Што се случува кај нас?

Кај нас патниците ќе причекаат за подобри времиња во железничкиот превоз. Веќе десет години нема поместувања околу либерализацијата во железничкиот превоз, односно воведување на конкуренцијата и секако подобрување на условите за превоз на патниците.

Иако Владата на РС Македонија има договори за јавни услуги (ПСО) со едниствениот железнички оператор во државна сопственост, овие субвенции не можат да го зголемат квалитетот на превозот поради нивната не соодветна употреба, односно истите средства се користат за покривање на трошоците кај комерцијалните превози.

Единствената светла точка кон решавање на овој проблем на патниците е започнувањето на пристапните преговори со ЕУ со што ќе започнат да се решаваат одредени проблеми во железничкиот превоз кои се наталожуваат од средината на 80-тите од минатиот век.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *