ПОБРЗ ПРОМЕТ НА ПРАЗНИТЕ КАМИОНИ МЕЃУ СРБИЈА И ХРВАТСКА – ОТВОРЕН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН СОТ

Денес беше пуштен во употреба новоизградениот граничен премин Сот на границата меѓу Р. Србија и Република Хрватска, кој значително ќе ги олесни големите премини како што се Батровац и Шид, особено за време на сезонските гужви и празници, соопшти Царинската управа на Р. Србија.

Меѓународниот граничен премин Сот, еден од 9-те премини меѓу Република Србија и Република Хрватска, се наоѓа во близина на Шид во округот Срем и веднаш до граничните премини Љуба и Нештин, кои се во непосредна близина и се една од алтернативите за патување.

Покрај патничките возила, овој премин е планиран и за автобуси и празни камиони кои циркулираат меѓу Србија и Хрватска, а само минатата година 40 000 празни камиони и околу 350.000 патници го преминале тој премин.

Изградбата на новиот премин Сот е завршен по 18 месеци, за време на кое стариот премин беше привремено преместен недалеку од новиот. За модернизација на преминот издвоени се средства од републичкиот буџет, се наведува во соопштението на Царинската управа на Р. Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *