СТУДИЈА – КАКО САМОВОЗНИ ВОЗИЛА БИ ЈА ПРОМЕНИЛЕ МОСКВА?

Врз основа на анализа на сегашната состојба, истражувачи создадоа идни сценарија за Москва за да увидат како самовозните возила ќе влијаат врз користење на шеринг автомобилите за превоз, користење на јавниот превоз, искуството на патниците и секојдневниот живот.

Истражувачите од  Универзитетот за економски науки направиле оценување на влијанието и ефектите на самовозните автомобили врз градот Москва. Во својата студија, Алексеј Зомарев и Марија Роженко ги презентирале своите предвидувања за 2030 и 2035 година базирани на соодветни анализи за градот Москва.

Тие предвиделе дека во следната декада овие самовозни возила ќе имаат широка употреба, и не само како индивидуални превозни средства туку како и „шеринг“ превозни средства (SAV – shared autonomous vehicles).

Овие истражувачи појаснуваат дека користејќи ги самовозните возила може да се понудат две нови и современи услуги како: ride sharing –  споделување на превоз (во кое патниците го споделуваат возило за патување по слична релација) и car sharing – споделување на самовозни возила (краткорочно изнајмување на автомобили).

Зомарев и Роженко создоа модели за тоа како ќе изгледа Москва во блиска иднина. Врз основа на официјалните градски стратегии  и достапните податоци во однос на бројот на патници по автомобил, продажбата на автомобили, ефикасноста на патните мрежи, истражувачите создадоа четири сценарија за 2030 и 2035 година:

  • Стагнација
  • Заедничка употреба
  • Роботизација
  • Апсолутна подвижност

За сценаријата се вели дека се карактеризираат со различни стапки на интегрирање на „технологијата без возачи“ во градскиот превоз како и различни состојби на пазарот со јавни возила каде се вклучени и традиционалните возила за  кои е потребен возач.

Моделите се базираат врз основа на податоците дека во 2022 година ќе се започне со имплементација на такси услуги со самовозни возила, а дека во 2024 година ќе се дозволи приватна употреба на самовозните возила.

Стагнација и Роботизација

Темпото со кое овие самовозни возила би ја презеле територијата на Москва во сите четири сценарија е различна, но брзината со која што ќе започне ширењето на споделувањето на беспилотното возило како ride sharing  и car sharing е многу бавна во сите сценарија.

Во сценариото за „стагнација“, беспилотните возила во 2030 година ќе заменат околу 10% од традиционалните возила, а до 2035 година овој број ќе изнесува 34%. Во сценариото за „роботизација“, уделот на самовозтните возила во 2030 година ќе биде 18%, а во 2035 година ќе биде 61%.  Сепак придобивките од самовозните возила, во ниту едно од овие две сценарија нема да го постигнат својот потенцијал.

Поради послаб технолошки развој во сценариото за „стагнација“, стапката на сообраќајни несреќи ќе се намали во помал процент отколку во другите сценарија, поради поголемиот број на возила кои се традиционални во овој тип на сценарио. Во сценариото за „роботизација“, недоволната контрола на квалитетот на самовозните возила ќе преставува сериозна пречка.

До 2035 година, бројот на автомобили ќе достигне до 6 милиони (во 2019 година имало 4,7милиони). Ако во Москва има 293 автомобили на 1000 лица тогаш оваа бројка во 2035 година би се зголемила на 464 автомобили на 1000 лица.

Застојот на патиштата ќе се зголеми за 13%, а времето поминато во автомобил ќе се зголеми на 5 – 10 %, а недостатокот на паркинг места ќе се зголеми за 1,7 милиони.

Апсолутна подвижност и заедничка употреба

За разлика од претходните две сценарија, за овие две сценарија се вели дека се карактеризираат со зголемена употреба на споделени возила. Во сценариото „заедничка употреба“, стапката на интеграција на „технологијата без возач“ во споделувањето на автомобили е многу мала, услугите за споделување главно се однесуваат на традиционални возила за кои е потребен возач.

Во сценариото за „апсолутна мобилност“, оваа стапка е повисока, поголемиот дел  превозот се врши со самовозни возила, а споделување на превозот и споделување на самовозни возила ќе го достигне својот потенцијал до 2035 година:

  • Бројот на патници по автомобил ќе се дуплира до 2,3 патници;
  • Просечното време на патување на Москва би било 55 минути, што останува споредливо исто како патување со сопствено возило;
  • Дневната употреба на патување со автомобил ќе се зголеми од сегашната која што изнесува 6 пати на ден дури на 14 пати на ден и
  • Дури 32 лица ќе користат едно исто самовозно возило.

Според истражувачите, сето ова би ја намалило потребата од лични возила, ќе се заштеди на време, ќе се намали нервозата околу недостаток на паркинг места (ако би се користеле sharing – услугите).

Но мора да се нагласи дека употребата на самовозните возила ќе доведе до губење на работни места дури на 200 000 вработени лица како возачи, курири, контролори на сообраќај и сообраќајна полиција. Тоа воедно би довело и до намалување на употребата на јавниот превоз, а некои дури би биле елиминирани.

Нивниот заклучок истакнува:„Сценаријата каде има голем дел на услуги со споделување на превоз или возила, ќе се овозможи со помала флота на самовозни возила да се задоволи побарувачката  на поголем број на патници. Мерките треба да се воведуваат постепено и да се објават однапред, односно неколку години пред да стапат на сила како еден вид на решенија за превоз“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *