ПРОБИВАЊЕТО НА ТУНЕЛОТ ФИЛДЕН ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ “ШТУТГАРТ 21“ ЈА ОЗНАЧУВА НЕГОВАТА ФИНАЛНА ФАЗА

Германија: Проектот „Штутгарт 21“ за реконструирање на железничкиот јазол во градот Штутгарт и замена на главната железничка станица со подземен центар достигна важна пресвртница на 6. мај со осветлување на источната страна на тунелот Филдер Штутгарт ХБФ.

Поврзувајќи го центарот на градот и аеродромот низ тунелот Филдер со должина од 9, 5 км ќе сообраќаат ИЦЕ брзите возови од и кон Минхен, како и регионалните С-Бан возови кои ќе се движат од и кон аеродромот во Штутгарт. Филдер е последниот од четирите тунели кои ја поврзуваат идната подземна главна железничка станица.

Според промоторот на проектот, DB Netz, целокупната градба на тунели за градот Штутгарт е скоро 85% готова.

„Ова преставува пресвртница, новата железничка станица во Штутгарт ќе преставува симбол за јака железница“ – изјави  Роналд Пофала, член на управниот одбор на железничката инфраструктурна компанија DB Netz.

„Штутгарт 21 создава важен предуслов за подобри и побрзи врски во регионот но и во цела Германија. Би сакал да им се заблагодарам на сите инволвирани кои успеаа да го пробијат тунелот и покрај кризата поредизвикана од корона вирусот“.

DB Netz ги одобри договорите за финализирање на конечниот изглед на тунелите „Филдер“ и „Обертеркајм“, при што истите ги потпиша за градба со „Пор“ во вредност од 92 милиони евра.

Се очекува проектот да заврши во декември 2024 година, со вкупно чинење од 7,5 милијарди евра. Проектот „Штутгарт 21“ вклучува изградба на четири тунели, 59 км нова железничка пруга и 44 моста.

Тенденцијата е да се намали бројот на вртења (сегашната железничка станица е „штулц“-станица) на сите регионални возови но и возови кои сообраќаат на подолга релација во Штутгарт, истовремено ублажувајќи ги многуте стрмни приодни железнички пруги кон градот.

Целта е изградба на нова железничка пруга долга 250 км, на која би сообраќале супербрзи возови и би го поврзале Штутгарт со Вендлинген и Улм, а понатаму и со дестинациите во Баерн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *