ПРЕКРАСНИОТ МОЦАРТОВ САЛЦБУРГ

Салцбург (оригинално: Залцбург) е четвртиот по големина град во Австрија, после Виена, Грац и Линц. Познат е како дом на барокната архитектура, но и како место каде се родил Волфганг Амадеус Моцарт.

Поради неговото зачувување, УНЕСКО во 1997 година го вклучи салцбуршкиот Стар град на листата на заштитено светско наследство.

Салцбург се наоѓа на бреговите на реката Салзах и е опкружен со алпските планини, а името го добил според околните рудници за сол, така што буквалниот превод на името би бил „град од сол“.

Денес тој е вистински туристички град, во кој бројот на посетители неколку пати го надминува бројот на локалното население.

        Божикниот маркет во Салцбург

Салцбург е несомнено град на културата и неверојатните 4.000 настани годишно го прават еден од културните престолнини на Европа! Фестивалот „Салцбургер фестшпиле“ (www.salzburgerfestspiele.at), кој се одржува од 1920 година е централен настан, кога градот е доста раздвижен, а во него се одржуваат бројни претстави, концерти и опери.

Салцбург најдобро може да се запознае пеш. Стариот град е релативно мал и крие неколку галерии, бутици, кафулиња и автентични ресторани, додека најинтересните најчесто се наоѓаат на улиците и пасажите веднаш до главните плоштади.

Во Салцбург, поред В. А. Моцарт, роден е Јозеф Мор. Веројатно отпрвин името не ви звучи многу познато, но неговото коавторско дело е многу попознато – божиќната песна „Тивка ноќ“.

Што да се посети (знаменитости) во Салцбург

Фестунг Хоенсалцбург (Кале)

       Festung Hohensalzburg

Фестунг Хоенсалцбург е замок лоциран на ридот Фестунгсберг, кој доминира со градот и од чиј врв имате поглед на сите градски кули. Поради својата должина од 250 метри и ширина од 150 метри се смета за еден од најголемите средновековни замоци во Европа.

Гетрајдегасе ( Трговска улица)

Гетрајдегасе е една од најпознатите улици во Стариот град, а таква е уште од римското време кога Салцбург се викал Ивавум. Со градскиот правилник е уредено како мора да изгледаат натписите на фирмите, така што над продавниците има само железни знаци и форми.

Исто така е позната улицата Штајнгасе, некогаш главен влез за трговците со сол, а денес место каде има многу продавници, кафулиња и места за одмор. На улицата со бројот 9 сместена е родната куќа на Мор, човек познат како коавтор на божиќната песна „Тивка ноќ“.

Мирабел

Мирабел е дворец со прекрасни градини, фонтани и статуи на римски и грчки богови, веднаш до реката Салзах, а е изграден во 17. век. Паркот пред дворецот е завршен во 1730 година како еден од најубавите европски барокни градини.

Јавен превоз во Салцбург

Веројатно ќе можете да го разгледате Салцбург пеш, но ако ви треба јавен превоз, има бројни линии на автобуси и тролејбуси и неколку железнички С-Бан линии.

Јавниот превоз се состои од околу 20 автобуски и тролејбусни линии, а има и неколку С-Бан линии (www.s-bahn-salzburg.at). Со линијата S-Bahn S1 можете да стигнете до Оберндорф за 25 минути, каде што се наоѓа параклисот „Тивка ноќ“, местото каде за прв пат е изведена истоимената Божикна песна.

Цените на билетите зависат од тоа каде ги купувате – на киоск, машина (1,70 €) или возач (2,50 €), што е воедно и најскапа варијанта.

Локалниот јавен транспорт е интегриран во мрежата на Салцбургер Феркерсфербунд (www.svv-info.at), во која учествуваат околу 20 различни превозници. Авгубусите Обус (http://www.salzburg-ag.at/verkehr/obus) работат во самиот град, додека други компании превезуваат патници како дел од регионалниот превоз. Бидејќи ова е интегриран систем, билетите важат за сите превозници, но треба да бидете внимателни за кои зони важат вашите купени билети.

Како до Салцбург

До Салцбург можете да дојдете со авионски лет преку Минхен, Љубљана или Виена. Од сите три аеродроми ќе имате уште 280-300 километри патување со воз, автобус или рент а кар.

Наредна варијанта е со автобус, при што патувањето во еден правец трае околу 22 часа, а цената на повратниот билет изнесува 8.000 денари.

За на крај, Ви преостанува да користете сопствен превоз, при што ќе треба да поменете околу 1237 километри, односно 12 часа возење, а трошокот ќе изнесува околу 120 € во еден правец во зависност од потрушувачката на гориво на вашето возило.

Ноќниот живот во Салцбург

Некои од најпознатите се Cafe Fürst (www.original-mozartkugel.com), „домот“ на Моцарт куглите, кафето Томасели (www.tomaselli.at), кое постои од 1852 година, и Кафе Базар (www.cafe-bazar.at ), сместен веднаш до Салзах, а неговата историја датира од 1909 година.

     Cafe Fürst

Што се однесува до модерната забава, има бројни барови и неколку клубови.

Republic (www.republic-cafe.at) е комбинација на кафе, ресторан, бар и клуб, сместен во близина на Гетрајдегасе. Сегабар е трендовски бар, место за собирање за тинејџери и се наоѓа на улицата Рудолфкај, која се протега по реката Салзах.

Таму е и Кафе Штајн, сместено на покривот на хотелот Штајн, со прекрасен поглед на градот. Carpe Diem е ​​дневен бар, познат по својата „ finger food“ и е создаден според идеите на Дитрих Матешиц, сопственик и изумител на Ред Бул.

Ако сте љубител на пабови и пивници, ги издвојуваме The Shamrock (www.shamrocksalzburg.com), StieglKeller и Augustiner Bräustübl (www.augustinerbier.at).

Salzburg Card

Salzburg Card е картица што може да ви донесе големи заштеди за време на вашиот престој во Салцбург.

Овозможува бесплатен влез на повеќето места во градот, бесплатен јавен превоз и попусти на многу други места.

Картичката е со важност од 24/48/72 часа, која ви овозможува бесплатен влез на околу 30 градски знаменитости и бесплатна употреба на јавниот превоз.

Покрај тоа, можете да искористат повеќе од 40 попусти вклучени во програмата – од продавници за облека, преку автобуси за разгледување до познати рудници за сол во соседниот град Халштат.

Картата Салцбург ги носи следниве придобивки:

  • Бесплатен влез на околу 30 знаменитости во Салцбург
  • Бесплатен јавен превоз
  • Повеќе од 40 различни попусти – продавници за облека, туристички автобуси, рудници за сол во Халштат, разни музички настани, итн.
  • Бесплатно пловење на реката Салзах.

Картата е релативно евтина и многу е веројатно да се исплати ако останете во Салцбург два или повеќе дена. На пример, посетата на тврдината Хоенсалзбург, куќата на Моцарт се исплаќа со картичка од 48 часа. Исто така, има и бенефит од бесплатниот јавен превоз, кој во Салцбург може да не се користи онолку колку што би го користеле во поголемите градови, но добро е да знаете дека можете да го користите бесплатно и покрај тоа, кога ќе го сторите тоа – заштедувате свои пари.

Име Цена
Дворецот Hellbrunn Бесплатно
Музејот во катедралата Бесплатно
Родната куќа на Моцарт Бесплатно
Музејот на играчки Бесплатно
Музеј на пивницата Stiegl (Brauwelt) Бесплатно
Природно технолошкиот музеј Бесплатно
Residenzgalerie Бесплатно
Салцбург музеј Бесплатно
Салцбург ЗОО Бесплатно
Тврдината Hohensalzburg Бесплатно
Жичара Hohensalzburg Бесплатно
Жичара Untersberg Бесплатно

Шопинг во Салцбург

Салцбург честопати се нарекува најголем трговски центар во Австрија, затоа што на толку мал простор можете да најдете дури 800 продавници!

И покрај тоа нарекување, задоволството од шопинг во Салцбург лежи во шетањето по улиците на Стариот град, а не во трговските центри. По овие улици  се скриени бројни бутици, продавници за накит, антиквитети и друго.

Најпознатата шопинг улица е веќе споменатата Getreidegasse, позната по тесно уредените високи згради, кои се препознатливи по нивните големи метални знаци. Интересно е што, дури и Мекдоналдс мораше да го прилагоди и замени карактеристичниот осветлен знак со железен.

Во Гетрајдегасе и улиците што се поврзуваат со него, можете да најдете продавници со високи модни производи, како Луис Витон, Бос, Сваровски, Мон Блан, Макс Мара, но и ’помасовните’, како што се Зара, Манго, Х & М и Бенетон. Исто така има и многу специјализирани продавници – за божикни украси, продавници за парфеми, книжарници, продавници со традиционална облека, како што се „Ледерхосен“ и „Дирндл“, продавници за музички инструменти, итн.

Сувенирите се неразделно поврзани со најпознатиот „градски син“, Моцарт. Најпозната меѓу нив е славната и добро позната Моцарт кугла. Прв пат се произведени кон крајот на 19. век, а куглите произведени според оригиналниот рецепт може да се вкусат во Cafe Fürst, додека „класичните“ најдобро е да се купат на улиците и продавниците надвор од главните туристички рути.

Заедно со Моцарт, вторите најпознати сувенири се поврзани со филмот „Моите песни, моите соништа“ (The Sound of Music), кој уште повеќе го популаризираше Салцбург како еден од главните туристички дестинации во Австрија и пошироко.

The Sound of Music (1965), Julie Andrews (како Maria von Trapp)

Ако сè уште преферирате шопинг во вистински трговски центри, тогаш можете да се упатите кон Еуропарк (www.europark.at), каде се наоѓаат H&M, New Yorker, Zara, Tally Weijl, Peek & Cloppenburg, Ikea, итн.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *