ГОЛЕМИ ОБЛАСТИ ОД ЛОНДОН СЕ ПЛАНИРААТ КАКО „ОБЛАСТИ БЕЗ АВТОМОБИЛИ“ БИДЕЈЌИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЛАНИРА „ЗЕЛЕНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ“ ОД КОВИД 19
Откако се намалија мерките во Лондон поради корона вирусот, градските власти цврсто се решени да го одржат превозот, придобивките против загадувањето и побезбедните улици како во периодот на воведените мерки за заштита од КОВИД 19.
Садик Хан ги објави плановите за трансформација на делови од централниот Лондон во „една од најголемите зони без автомобили во кој и да било главен град во светот“, како мерка за поддршка за побезбедно пешачење и возење велосипед за работниците и воедно како продолжена борба против корона вирусот.
Градоначалникот на Лондон изјави дека плановите ќе создадат поголем простор за социјално дистанцирање и да им помогнат на луѓето да се вратат на работа во центарот на градот, со тоа што некои ќе бидат ограничени на пешачење или возење на велосипед, а некои на користење на автобус како превозно средство се со цел да се одржи „безбедно и одржливо патување“.
Затворањето на патот се очекува да се случи за шест недели, најави Градското собрание.
„Ако сакаме да го направиме транспортот во Лондон да биде побезбеден и да го задржиме местото на Лондон како град кој е глобално конкурентен, тогаш немаме избор освен да ги вратиме улиците на луѓето.“ – изјави Хан.
„Гарантираме дека обновата на нашиот град ќе биде „зелена“, ќе го решиме проблемот со загадениот воздух и ќе осигураме дека нема една криза да ја менуваме со друга туку ќе превенираме. Ги повикувам сите општини да соработуваат со нас и да го направиме овој проект реалност.“
Транспортот во Лондон (TfL) веќе додаде околу 5000 квадратни метри дополнителен простор за патеки низ Лондон, што значи, сега автомобилите може да бидат забранети да се движат по Ватерло мостот, мостот Лондон и улиците Шоредич, Еустон, Олд Стрит и Холборн.
TfL додаде дека се работи на тоа да обезбеди такси возила, кои би сообраќале по мостовите и останатите области каде има рестрикција за движење со возила, притоа истите да не емитуваат гасови. Ова е во насока да се одржи и подобри ниво на квалитетот на воздух, кој поради мерките за спречување на корона висусот, многукратно е подобрен и неговиот квалитет е на повисоко ниво од претходно.
Со патните ограничувања настанати поради КОВИД 19 се забележа пад на сообраќајот дури за 60% во текот на изминатите два месеци, притоа намалувајќи го нивото на штетниот азот диоксид дури на половина. TfL изјави дека како се повеќе лондончани се враќаат на работа, загадувањето се повеќе расте.
За да се спречи застојот на патиштата во Лондон, Градското собрание изјави дека по суспендирањето на мерките за ограничено движење и застворање на одредени патишта поради ниска емисија на гасови (ULEZ), повторно ќе бидат воведени од понеделник.
И покрај тоа што мерките се повеќе се олеснуваат, Хан истакнува граѓаните да го користат јавниот транспорт како последна опција и повеќе преферира пешачење или возење велосипед.
Хан признава дека „промените би ги погодиле многу од лондончаните“ и тоа би значело „фундаментално преиспитување за начинот како се живее во Лондон“, но нагласува дека „КОВИД 19 е најголем предизвик за јавниот транспорт во Лондон во историјата на TfL“
„Тоа значи дека треба да се задржи бројот на луѓе кои го користат јавниот превоз“ – изјавува Хан. „А од друга страна не смее патувањата со јавен транспорт да ги замениме со автомобил бидејќи патиштата би се блокирале од многубројните автомобили, а воздухот би бил се позагаден.“ Хан додава „ни требаат поголем број на лондончани кои ќе пешачат или ќе возат велосипед“ и „ затоа треба цели делови на градот да се преобразат и да бидат ставени во нивна функција.“
Во моментов јавните превозници се во криза и самата влада во наредните 4 или 5 месеци ќе се потруди да им обезбеди помош.
Герет Пауел, Извршниот директор на TfL за патен превоз изјавува дека има намалување на загадувањето откако беа поставени рестрикциите за движење поради корона вирусот.
„Во последниве неколку недели градот стана почист, позелен и решени сме таков да го сочуваме“ – изјави тој.
Програмата London Streetface е фантастична можност да им обезбедиме на лондоначани да се движат низ градот безбедно и на одржлив начин и тоа во поголем број отколку што тоа било до сега. Ова ќе ги стави на пиедестал јавното здравје, безбедноста и чистата околина во срцето на Лондон.“
Напорите за спречување на сообраќајот во финансискиот дел на Лондон исто така ги поддржува и градот Лондон, со надеж дека центарот на Лондон ќе стане прв град во Велика Британија со нула емисија на гасови по укинувањето на мерките за заштита од корона вирусот.
Директорот за политика на Гринпис, Даг Пар ја поздрави „амбициозната“ објава на градоначалникот и ги повика другите градови низ Велика Британија да користат исти или слични мерки.
„Не само што ги трансформиравме нашите улици на начин што ќе им се даде приоритет на пешаците и велосипедистите, туку истите да бидат побезбедни откако мерките за заштита од корона вирусот ќе бидат целосно укинати. Понатаму би требало трајно да се ограничи употребата на автомобили и да не дозволиме токсичното загадување да го исполни воздухот“ – рече тој.
Челниците на градот Скопје треба да размислат како да применат бар дел од светските практики во насока да ја подобрат состојбата околу загадениот воздух и зеленилот во градот.
Еве еден одличен пример, како во Лондон, власта се справува со состојбата. Во ситуација кога е потребно социјално дистанцирање и не толку близок контакт со остатокот на популацијата, во Скопје ние имаме тесни тротоари и уште потесни велосипедски патеки. На патеките најчесто се паркирани автомобили или се користат за превозни средства (мопеди, скутери, веспи…) за кои не се наменети. Проблемот е долгогодишен и не веднаш решлив иако во изминатиов период имаше подобрување во оваа насока особено во делот на обележување на велосипедските патеки иако тие сеуште не циркулираат низ целиот град.
Градските власти треба да размислуваат во насока да ги променат работите и просторот околу нас да се приспособи за поголем број на пешаци и велосипедисти. Последниов период, а особено во периодов со пандемијата, се бележи раст на велосипедисти низ градот, таа тендениција не треба да престане, едноставно треба да им се обезбедат патеки и да се мотивираат и стимулираат да го користат велосипедот као превозно средство.
Притоа треба добро да се осмисли движењето и превозот на патници во центарот на градот, кои одржливи решенија би биле прифатливи притоа да не се зголеми гужвата по булеварите на градот, а да се овозможи поширок појас на пешачка и велосипедска патека во тој дел на градот.