РЕШЕНИЈА ЗА УРБАНА МОБИЛНОСТ

Урбаниот транспорт е стратешки важен за економската конкурентност, социјалната кохезија и одржливиот раст.

Со оваа статија започнуваме серијал од неколку примери на иновативни и одржливи решенија за урбана мобилност спроведени во различни делови на светот.

За мерките кои ќе пишуваме имаат за цел да се справат со градскиот метеж, да се зазелени транспортната мрежа и да се направи побезбедна, поефикасна и подостапна.

Се надеваме исто така овој серијал ќе привлече внимание и кај нашите сограѓани со цел да се зголеми свеста и начинот на размислување во поглед на креирањето на јавното мислење во врска со одржливиот градски превоз.

Трансфер планот на Мадрид при промена на превозното средство во јавниот превоз

Транспорните јазли, како на пример Транспортниот центар во Скопје се клучен дел од јавниот превоз, дозволувајќи им на патниците пријатно да се префрлат од едно на друго транспортно средство. Тие ги намалуваат времето на патување и го подобруваат квалитетот на услугата.

Во Мадрид се изградени 5 транспортни клучки каде главната патна инфраструктура е поврзана со кружната метро линија, која обезбедува размена со другите линии.

Мадридското метро е ‘рбетот на градскиот транспортен систем, кој е надополнет со градска и метрополитенска автобуска мрежа, како и приградска и лесна железница.

Овие клучки се големи инфраструктурни решенија кои делуваат како пристапни состави на градскиот систем за јавен превоз, оптимизирајќи го трансферот помеѓу различни начини на транспорт.

Терминална зграда на аеродромот во Мадрид

Истите се  надополнети со помали инфраструктури за размена наречени „интермодални области“, кои ги олеснуваат трансферите помеѓу градските автобуси и метро линиите.

Овие клучки во Мадрид пренесуваат повеќе од 1 милион корисници дневно и управуваат со приливите на патниците кои пристапуваат кон градот од сите негови главни влезови.

Фактори за успех

Силна јавно – приватна соработка:

  • Профитабилна инфраструктура и висок потенцијал за добивање комплементарни приходи (на пр. паркинг простор, деловна област)
  • Сместен на стратешките точки на Мадрид
  • Интеграција на различни режими и побарувања за мобилност со намалено време на трансфер
  • Добра сигнализација, пристапност и безбедност

Адаптација на оперативните потреби (на пр. тунели кои влегуваат во клучката за да се избегне загушување во сообраќајот).

Еден од хабовите кои ја поврзуваат железницата, автобускиот и метро превозот во Мадрид

Гледајќи во иднината

Во Мадрид ќе се градат уште две клучки, заедно со дополнителни интермодални области лоцирани на стратешките точки на градското подрачје, каде побарувачката за мобилност е многу голема.

Во иднина, слични клучки ќе се градат во градското подрачје за да се поврзат радијалните автобуски линии од области со мала густина со областите со голема густина .

Тие исто така ќе го олеснат трансферот преку областа и користењето на приватниот јавен интермодален транспорт.

Нашите градови и влезните хабови

Транспортен центар Скопје

Нормално е за нас да се запрашаме дали ни е нешто вакво потребно бидејки сме научени превозниците да не оставаат и да не земат низ повеќе места во градот, да го гушат превозот по улиците во шпицовите (во Скопје просечната брзина изнесува 11 км/ч) и тоа да ни претставува првата „победа“ во градот каде сме пристигнале.

На овој начин имате задоволни патници, но и незадоволни, а тоа се останатите учесници во сообраќајот кои мораат да застанат, да менуваат лента, велосипедистите и пешаците да внимаваат на торбите и патниците кои се симнуваат или качуваат од минибусите, комбињата или автобусите.

Денес за жал ни стана толку нормално што доколку сте на велосипед можете и да си го „однесете“ од некој патник бидејки Вие ќе бидете невнимателниот.

Интермодалниот патнички центар во Кичево

За секого е голем успех да се симне веднаш до местото на живеење, но никогаш нема да помисли, застанувањето на тој автобус, комбе или минибус што предизвикал во сообраќајот. Едноставно не го интересира што неговиот сограѓанин кој го започнал своето патување со градскиот јавен превоз од точката А до точката Б кои се оддалечени 11 километри ќе треба да ги помине за 1 час.

За секоја навика има и одвика

Многу е тешко, но далеку од неостварливо  да се смени „од корен“ транспортниот систем во поголемите градови во нашата држава.

Секако на надворешниот посетител ќе му биде потешко да се снајде, но со добри конекции и добра инфраструктура на овие трансферни места може да биде многу едноставно, а за намалувањето на загаденоста и зголемување на протокот по улиците ќе пишуваме во наредните денови. Замислете тие 11 километри наместо за еден час да ги поминете за 30 минути.

Во наредното продолжение од серијалот ќе читате за Флексибилни велосипедски капацитети во Сао Паоло.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *