ЦЕНИТЕ ПРЕВИСОКИ ЗА ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ НА МЕДИЦИНСКИ ПРОИЗВОДИ
Шпедитерите ги обвинуваат карго авиокомпаниите дека бараат 13 долари/кг за превоз на пратки со медицински производи од Кина до Европа, правејќи добар профит од корона кризата.
Во исто време, цените за воздушен превоз на други стоки се движи околу 8 американски долари/кг.
Освен тоа, кинеските власти усвоија нови одредби за извоз на медицински материјали, со кои се отежнува пристапот до крајните корисници. На 31 март кинеската влада побара сите добавувачи на медицински производи во Кина да бидат овластени, како што бара земјата увозничка, за да не извезуваат лоши производи. Ова е како одговор на поплаките од ЕУ дека голем дел од пристигнатите медицински материјали се надвор од стандардите.
Кинеските шпедитери сега мора да дадат изјава дека извезените производи имаат сертификат за регистрација на медицинските производи кој ги исполнува стандардите за квалитет на земјата увозничка. Главниот проблем е што обично има две до три компании во синџирот на снабдување и крајната фабрика не е лиценцирана.
Претходно, на компаниите им требаше само СЕ сертификат. Многумина од оние кои сега се овластени за СЕ тврдат дека може да потрае од 1 до 3 години за да добијат нов сертификат за „зелен коридор“ за да се забрза процесот.
Бидејќи, поради недостаток на патнички летови, испораките се вршат само со карго-авиони, потребно е да се почека на насобирање на пратките за секој лет – околу 40-50 тони. Ова бара неопределено чекање додека не се наполни целиот авион.