ТРИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА ШВАЈЦАРСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ

Три производители се  претквалификуваа за договор за снабдување на вкупно 194 електро-мултифункционални гарнитури во процес на набавка што го водат Швајцарските Федерални железници и нејзините регионални компании Thurbo во Thurgau и RegionAlps во Valais.

Потесни кандидати за избор се: Alstom, Siemens Mobility и Stadler.

Органите за набавка бараат дизајн на едноподна гарнитура која веќе е докажана со својата употреба во рамки на Европа. Понудувачите требаше да им ги покажат економските перформанси , капацитет и ресурси, управување со квалитетот, одржувањето на нивоата и нивна усогласеност со законските регулативи.

Тројцата прозиводители имаат рок до средината на 2021 година да ги дадат своите понуди. Договорот се очекува дека ќе биде доделен и  потпишан до 2022 година, а  првите произведени возови би требало да влезат во функција во 2025 година.

Најпрвин би се одело со промена на возилата со истечен рок на траење, а договорот понатаму би опфатил и дополнителни 316 единици кои би можеле да бидат земени по потреба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *