СЕ ПОВЕЌЕ ПОШТЕНСКИ ПРАТКИ ОД КИНА ЗА ЕВРОПА СО ВОЗ

Транспортот е во организација на руската компанија ОТЛК ЕРА. Главните градови во Кина од кои заминуваат контејнерите со пошта се Чонгкинг, Јиву, Ченгжу и Донггуан. На патот кон Европа, возовите минуваат низ Казахстан, Русија и Белорусија. Просечното време на транзит за кое е опфатено растојанието од кинеската граница до границата со ЕУ е 5 дена.

Откако откажаните летови поради коронавирусот доведоа до дефицит на капацитет во авио карго превозот, поштенските оператори беа принудени да се свртат кон железничкиот превоз. Така, тие успеаја да обезбедат релативно брзо време за испорака на поштенските пратки од Кина во Европа.

Поштенските артикли станаа нов извор на раст за железничкиот сообраќај на ОТЛК ЕРА. „Испративме голем број предлози до Светскиот поштенски сојуз да ги намалиме документите за време на транспортот на поштата со воз“, рече Алексеј Гром, генерален директор на ОТЛК ЕРА. „Очекуваме позитивни повратни информации од нив и нови нарачки за транспорт“.

Од април годинава до сега поминале 19 блок-возови со поштенски пратки на релација од Кина до Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *