ГРЦИЈА И БУГАРИЈА СОЗДАВААТ МУЛТИМОДАЛЕН КОРИДОР ПОМЕЃУ ПРИСТАНИШТАТА

Оваа година во рамките на четвртата сесија на Советот за соработка на високо ниво меѓу владите на Бугарија и Грција која се одржа на 26 февруари во Александропулис – Грција, Министерот за  транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија, Росен Жељазков и Министерот за инфраструктура и транспорт на Грција Костас Караманлис се согласија да го забрзаат процесот на изградба на мултимодалниот коридор на Солун-Кавала-Александрополис-Бургас-Варна-Русе.

На средбата се разговарало за клучните прашања за спроведување на проектот како и за зајакнување на соработката во врска со финансирањето и одржувањето на инфраструктурата. Стручните тимови допрва треба да го прецизираат проектот , како граничниот премин и сл., што е важно за изградба на новата и за интеграција на постојната инфраструктура. Двајцата министри се согласиле дека новата пруга помеѓу Александропулис и Бургас треба да биде модерна и електрифицирана.

Грција и Бугарија се две клучни европски држави на транспортната мапа, при што обезбедуваат железнички, флувијални и поморски врски на оската Европа-Азија.

За да се зголеми протокот на превоз, како и степенот на транзит, двете земји започнаа со проекти за ревитализација на инфраструктурата, при што преку проектот Sea2sea се стави акцент на поврзување на пристаништата како важни точки во товарниот превоз со комбинираниот транспорт.

Поради тоа, во јануари 2013 година Европската унија преку програмата ТЕН-Т, со цел создавање на мултимодален коридор помеѓу пристаништата на Грција и Бугарија  додели финансии за изработка на физибилити студија за воспоставување на железнички врски помеѓу неколку флувијални пристаништа во северо-источниот дел на Грција и Бугарија. Вкупните трошоци на проектот достигнаа до 1,5 милиони евра, од кои ЕУ финансирала 750.000 евра, односно 50%. Студијата е завршена во 2016 година по чија докажана оправданост започна проектот Sea2sea на истиот коридор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *