МАСЛОТО ОД ПОМФРИТ СТАНУВА БИОГОРИВО – СТОКИТЕ ПРИСТИГНУВААТ ВО РЕСТОРАНИТЕ НА МЕКДОНАЛДС ВО „ЗЕЛЕНИ КАМИОНИ“

После успешниот пилот-проект во Индија и Велика Британија, камионите што го снабдуваат Мекдоналдс во Холандија како гориво ќе користат биодизел направен од масло во кое e пржен помфрит.

Компаниите Несте, Мекдоналдс – Холандија и ХАВИ ги здружија силите во уште еден проект за кружна економија. Како што беше најавено, компанијата Несте ќе го претвори користеното масло во гориво, кое потоа ќе го користат HAVI камионите. ХАВИ со возилата на биогориво ќе снабдува 252 холандски ресторани во синџирот Мекдоналдс, а со истите возила ќе се превезува во обратен правец користено масло за пржење до рафинеријата во Ротердам.

Компанијата Несте објави дека употребата на биогорива ќе значи намалување на емисијата на стакленички гасови за 90% во однос на фосилните горива.

„Кружната економија и употребата на отпад се два важни столба на нашиот одржлив бизнис“, рече Јерон Декерс, шеф на синџирот на снабдување на Мекдоналдс во Холандија.

Карл Ниберг, потпретседател на Несте, објасни дека гледа голем потенцијал во рециклираните биогорива.

Сакаме да соработуваме со компании и градови кои размислуваат напред и да го претворат користеното масло, масти или друг отпад во обновливи горива и други производи. Маслото што се користи во рестораните на Мекдоналдс за да се пржи помфрит е одлична суровина за нашиот дизел Neste MI. Станува збор за алтернативно гориво со ниски емисии, за што не се бара никаква модификација на постојните дизел мотори – изјави Ниберг.

Извор: neste.com 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *