ПОРШЕ И БОИНГ ГИ ИСПИТУВААТ ОПЦИИТЕ ЗА ШИРЕЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ ВО ВОЗДУХ
Порше и Боинг ќе го искористат нивно партнерство за да се направи увид на пазарот и неговата заинтересираност за лични урбани воздушни возила.
Двете компании потпишаа Меморандум за меѓусебно разбирање кој ќе се насочи кон истражување на врвниот пазар за урбана воздушна мобилност и воедно проширување на урбаниот превоз во воздушниот простор.
Како значаен дел од партнерството, двете компании ќе формираат меѓународен тим од експерти кои ќе ги откријат различните аспекти на урбаната мобилност, ќе вршат анализи на потенцијалниот пазар за луксузни возила и ситуации во кои возилата ќе бидат користени.
„Порше се обидува да го зголеми својот опсег, а како производител на спортски автомобили оваа компанија стана водечка марка за луксузни возила. На подолг рок ова може да значи преминување во третата димензија на патувањето“ изјави Детлев Фон Платен, член на Извршниот одбор за продажба и маркетинг во Порше АГ. Потоа нагласи: „ние ги комбинираме јаките страни на двете компании за решавање на потенцијалниот клучен сегмент на пазарот на иднината“.
Боинг, Порше и подружницата на Боинг – Aurora Flight Sciences, развиваат концепт за целосно електрично возило со вертикално полетување и слетување. Инженерите од обете компании како и од подружниците на Порше – Porsche Engineering Services GmbH и Studio F.A. Porsche, ќе спроведат и тестираат прототип.
„Оваа соработка се заснова врз нашите напори да се развие нов, безбеден и ефикасен екосистем за мобилност, воедно ни дава и можност да го испитаме развојот на луксузно урбано и воздушно возило со една водечка автомобилска марка“ – изјави Стив Нордлунд потпретседател и генерален директор на Boeing NeXt. „Порше и Боинг заедно создаваат прецизен инженеринг, стил и иновација за да се забрза урбаната воздужна мобилност секаде низ светот“.
Една студија од 2018 година, направена од страна на Порше Консалтинг, предвидува дека урбаниот пазар за воздушна мобилност ќе го забрза својот развој по 2025 година. Студијата исто така укажува дека решенијата за урбана воздушна мобилност ќе вршат превоз на многу повеќе патници отколку со конвенционалните средства во копнениот превоз, и тоа по пониски цени и со поголема флексибилност.