ДОГОВОРЕНИ СЕ ТРАНСПОРТНИ ПРИОРИТЕТНИ „ЗЕЛЕНИ КОРИДОРИ“ ЗА УВОЗ НА ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ И ЗА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Европската Комисија во соработка со Советот за регионална соработка (РЦЦ) и Секретаријатот на Централноевропскиот договор за слободна трговија и транспортната заедница (ЦЕФТА) одржаа он лајн средба за решавање на прашањата што влијаат на снабдувањето и олеснувањето на движењето на стоки во регионот, како и помеѓу регионот и ЕУ.

За таа цел, Комисијата во својата коминикација ги вклучи граничните премини на ЕУ и Западен Балкан, лоцирани долж Трансевропската транспортна мрежа (ТЕН-Т) во своето Коминике за приротетните транспортни коридори т.н. „Зелени ленти“ од 23 март 2020 година. ЕУ сега го поддржува Западен Балкан во проширување на „зелените ленти“ внатре во регионот.

Што значат зелените коридори?

После воведувањето на мерките на национално ниво внатре во ЕУ дојде до блокирање на протокот на стока на повеќе национални гранични места кои привремено беа отворени.

После затварање на границата од страна на ЕУ, Европската Комисија, поточно на 23 март објави Коминике за спроведување на зелените ленти според Упатството за мерки за гранично управување за заштита на здравјето и обезбедување достапност на стоки и основни услуги се формираа т.н. „зелени ленти“ кои денес претставуваат приритетни коридори за движење на основните, медицинските и други итни производи.

Мерки кои се преземаат 

  • Земјите-членки треба веднаш да ги спроведат овие мерки за да обезбедат непречен транспорт на стоки долж целата TEN-T мрежа;
  • Сите товарни возила и возачи треба да се третираат на недискриминаторски начин;
  • Земјите членки веднаш да ги назначат граничните премини на ЕУ на „зелените ленти“;
  • Минувањето преку овие гранични премини на „зелени ленти“, вклучувајќи какви било проверки и скрининг, не треба да надминува 15 минути;
  • Граничните премини на „зелените ленти“ треба да бидат отворени за сите товарни возила;
  • Иако некои земји членки на ЕУ не дозволуваат, возилата кои носат секаков вид на стока треба да можат да користат граничните премини на „зелените ленти“;
  • На граничните премини од „зелена лента“, процедурите треба да се минимизираат и да се насочат кон она што е строго неопходно;
  • Здравствениот преглед може да се изврши пред или по внатрешната граница;
  • Треба да се минимизираат другите проверки на документи и товар;
  • Проверките и скринингот за здравјето треба да се преземат на начин што ќе го минимизира задржувањето;
  • Националните контакт точки воспоставени по телеконференцијата на министрите за транспорт на 18 март треба да работат заедно за да се обезбеди ефикасно функционирање на граничните премини на „зелената лента“;
  • Што се однесува до Велика Британија, која се третира како членка на ЕУ до крајот на транзицискиот период, како и соседните земји кои не се членки на ЕУ, членките на ЕЕА, Швајцарија, земјите на Западен Балкан, како и соработка со земји учеснички во Механизмот за цивилна заштита на Унијата, особено оние на проширената TEN-T мрежа, се повикуваат националните тела тесно да соработуваат со мрежата на контактни точки на ЕУ. Комисијата, исто така, тесно ќе соработува со Постојаниот секретаријат на транспортната заедница за да се олесни координацијата и спроведувањето на мерките помеѓу ЕУ и шесте земји од Западен Балкан;
  • Земјите-членки треба привремено да ги стопираат сите видови на ограничувања за возење (забрани за време на недела, ноќни забрани, секторски забрани и сл.) за товарниот транспорт;
  • Земјите-членки треба да обезбедат достапност на соодветни санитарни јазли и снабдување со храна / угостителство за транспортните работници на главните транспортни рути;
  • Транспортните работници не треба да бидат спречени да ја преминуваат внатрешната граница со цел да ги извршуваат своите транспортни задачи: меѓународно признатите сертификати за професионална компетентност треба да се сметаат за доволни за да докажат дека работникот е активен во меѓународниот транспорт;

Улогата на ЦЕФТА

Во делот на комуникацијата помеѓу земјите од Западен Балкан се одржа он лајн ад-хок состанок помеѓу директорите на Царинските управи, претставници на Министерствата за трговија на партнерите на ЦЕФТА, Секретаријатот на ЦЕФТА, Советот за регионална соработка, Постојаниот секретаријат на транспортната заедница и Европската комисија.

На состанокот претставниците на членките на ЦЕФТА препорачаа отворање зелени приоритетни ленти за трговија со основни производи. Главната цел на овие ленти е да се овозможи ефикасно снабдување со приоритетни производи, како што се храна и лекови.

На средбата се договорија на пограничните власти, како што се царинските администрации, ќе се информираат по електронски пат за пристигнување на камиони кои превезуваат основни производи. Информирањето ќе се врши преку ЦЕФТА системот за електронска размена на податоци (СЕЕД). Ова ќе овозможи навремени и ефикасни процедури за дозвола;

Покрај тоа, страните се согласија да формираат тело за координација на ЦЕФТА, во врска со мерките поврзани со трговијата, наметнати за борба против појава на КОВИД-19. Ова тело ќе бара начини на примена на овие мерки со цел да се минимизира негативното влијание врз трговијата и со тоа да се поддржи снабдувањето со производи за граѓаните и економската активност на деловните субјекти;

Со цел да се овозможи добра координација на активностите на регионално ниво, Секретаријатот на ЦЕФТА и Постојаниот секретаријат на транспортната заедница ќе предложат заедничка група за реализација на активности насочени кон олеснување на трговијата и транспортот.

ЕУ за регионот

Како дел од глобалниот одговор на појавата на коронавирус, Европската комисија објави непосредна поддршка од 38 милиони евра за Западен Балкан за справување со здравствената вонредна состојба предизвикана од коронавирусот и пренаменување на 374 милиони евра за да се помогне во социо-економското закрепнување на регионот.

Овие приоритетни коридори важат за сите видови на товарен сообраќај.

Извор:

ec.europa.eu

cefta.int

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *