МОСКВА ТРАНСПОРТ ЗАПОЧНА СО НОВА КАМПАЊА ПОД НАСЛОВ -ЕТИКА НА ТРАНСПОРТОТ

Во Москва започна социјална кампања која се однесува на начините на користење на јавниот превоз односно „Новата етика на транспортот“.

Целта на оваа кампања е да ги потсети или воедно да ги научи корисниците на јавниот превоз за важноста на протоколите при патување со јавниот превоз. Во кампањата се обрнува внимание за носењето на маска, користење на ракавици или дезинфенкција на рацете и воедно одржувањето на потребната социјална дистанца.

„Кога ги следите правилата, се грижите“ е мотото со кое е започната кампањата

Воедно за поддршка на самата кампања се лансирани анимирани видеа, кои постојано течат на екраните во московското метро, кои има покажуваат на луѓето како да се однесуваат во период на светска пандемија. Постојат и псотери кои се закачени насекаде по станиците на метрото и кои ги повикуваат луѓето во ниеден момент да не заборават на својата лична заштита.

Во блиска иднина, се планира на веб страницата и на социјалните мрежи на московскиот транспортен систем, да се појават серија написи за етиката при јавниот транспорт во период на пандемија, заедно со игри и разни предизвици кои имаат тендеција да поттикнат поголема грижа за самите себе но и за опкружувањето.

„Во московскиот транспортен систем се појавува тенденција за мало училиште за етика при користење на јавниот превоз при услови на пандемија, со поддршка на водечките меѓунардони експерти за етика и протокол.

Во период на КОВИД 19, да се биде почитуван значи да се користат маска и ракавици, да се одржува социјална дистанца и да се врши постојана дезинфекција на рацете. Така ќе покажеме дека се грижиме за себеси но и за останатите кои нам не опкружуваат во даден момент и дека не е најважна обврската туку грижата за себеси и останатите луѓе.“ – се вели во официјалната изјава на московскиот транспортен систем.

„Без оглед на нашиот личен став и верувања, треба да се запомни дека почитувањето на правилата и протоколите пред се е манифестација за грижа кон останатите и дури отпосле грижа за самиот себеси. Малку несебечен напор од секој од нас, може да го направи патувањето со јавниот транспорт многу поедноставно, удобно и побезбедно“ – изјави Кристина Тубрит, експерт за етика и основач на The English Manner Russia.

Како дел од јавното мислење започнуваме со кампања во однос на заштитата од КОВИД 19, при тоа ќе ја нагласиме потребата од постојаната дезинфекција на рацете во ситуација кога не може да се измијат со сапун и вода, но и начините на правилно носење на маските, времетраењето на различен вид на маски, нивна реупотреба, начини на одржување и чување итн.

Односно да помогнеме сите заедно да им се понудат на патниците сите потребни информации како да се заштитат себеси и тие околу нив при користење на јавниот транспорт.  Но воедно овие пренесени информации да бидат разбирливи за сите генерации, лесно достапни и видливи за сите граѓани да би имале ефект од ваков вид на социјална кампања, која иднински можеби би донела и зголемување на довербата кон јавниот превоз во нашиот град и негова почеста употреба во услови на светска пандемија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *