ГРАДОТ УБАВ ПАК ЌЕ НИКНЕ…

Користењето на јавниот превоз како начин на транспорт би требало да биде еден од наједноставните начини на движење на граѓаните. Граѓаните би требало да го користат во насока да ги извршуваат секојдневните обврски, да стигнат на работно место, да пазарат, да одат на гости итн.

Јавниот превоз помага да се намали времето поминато во сообраќајниот метеж за време на патување кон и од работното место. Исто така го зголемува пристапот до вработување, ги намалува трошоците за превоз и деловното работење, помага да се намалат трошоците за живот и да се зголемува деловната продуктивност.

Јавниот превоз, исто така, помага да се намали загадувањето на воздухот и потрошувачката на загадувачи (нафта и бензин), а од сето тоа корист имаат  сите граѓани.

Користењето на јавниот транспорт во рамките на град Скопје не е на доволно високо ниво на употреба, односно треба да се размислува за проширување на услугите и начините за спроведување на јавниот транспорт.

Во рамки на градот Скопје, единствен начин на јавен транспорт е автобускиот превоз. Автобускиот превоз е еден од најчестите начини на превоз насочен кон олеснување на движењето на луѓето во градскиот и приградски регион.

Но тука се поставува прашањето дали користењето на јавниот транспорт е на задоволително ниво?

Ова прашање се однесува на многу аспекти, како од економското влијание, здравствените придобивки и социјалниот аспект. Одговорот е дека јавниот транспорт не е употребуван на задоволително ниво,  односно треба многу да се поработи на неговата промоција како транспорт кој најмалку загадува, но секако за во иднина треба да се размислува за зголемување на употребата на алтернативните превози како велосипед, е – тротинет и сл. како превози кој помалку/или воопшто не би  ја загадувале животната средина.

Треба да се согледаат и промените кои настанале во самиот главен град и дали постоечките приградски и градски линии навистина поврзуваат соодветни дестинации за да може лесно да се движат граѓаните. Во ера на глобализација и брз начин на живеење неопходна е можноста за циркулација на знаењето, трудот и работните вештини. Тоа ќе се постигне само ако им се овозможи на граѓаните лесно да циркулираат низ градскиот крвоток.

Очигледно е дека користењето на јавниот транспорт кај нас е ограничено на оние лица кои немаат сопствено возило или се сеуште во процесот на едукација (ученици, средношколци и студенти) и секако највозрасната популација (пензионерите). Но се поставува прашањето за одржливоста на транспортниот систем во ваква ситуација, каде овие патници имаат субвенционирани билети за во јавниот транспорт. Токму онаа популација која треба да го плати целосниот износ на чинење на билетот во најголема мера користи поинаков начин на превоз, односно автомобил.

Но, за да ги повикаме нашите сограѓани да ги остават автомобилите треба да се подобри тактноста на автобусите, нивната досегашна организација, достапноста на билетите, нивното чинење итн.

Со последниот извештај од 2019 година, се укажува на пад на бројот на патници кои го користат јавниот превоз како начин на транспорт. Прашањето е дали тоа се должи на самиот квалитет на услуга која се нуди или недостиг на истата или пак се должи на постојаната промоција на алтернативниот транспорт (особено субвенционирањето на велосипедите и електичните тротинети).

Оваа година, во знакот на пандемијата, се случи промоција на велосипедизмот како начин на транспорт, кое за жал во делот на инфраструктурата градот не ја следеше оваа динамика, како кај поедини градови каде се пренаменија или изградија велосипедски патеки, кои овозможија се поголем број на луѓе да го користат овој вид на брз и ефикасен транспорт во време на КОВИД 19.

Во насока на подобрување на сегашната средина треба да се променат многу работи, односно треба да тргнеме сами од себе и да ја предвидиме нашата средина после 50 години каква сакаме да ја оставиме на нашите деца, со многу пластика по улиците или зеленило; со сини облаци или магла од смог.

Со оваа статија го завршуваме серијалот на статии за подигнување на јавната свест за користење на јавниот превоз спроведена преку проектот „Дигитален мегафон“ поддржан од градот Скопје.

Секако ние ќе продолжиме со посебната рубрика за градот Скопје да објавуваме соодветни информации од делот на градскиот и приградски транспорт.

Print Friendly, PDF & Email

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *