ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА УСЛОВНО ГО РАСЧИСТУВА КУПУВАЊЕТО НА БОМБАРДИЕР ОД СТРАНА НА АЛСТРОМ

Со извршената аквизицијата на Алстром кон Бомбардиер Транспорт беше доделено условно расчистување со дадени четири насоки кои треба да се реализираат. Алстром го потпиша Меморандумот за откуп на акции од Бомбардиер.

Воедно Алстром и Бомбардиер ја поздравија одлуката на Европската Комисија за условено одобрување на предложената аквизиција меѓу компаниите.

Одобрувањето од страна на Комисијата е условено со следниве ангажмани:

  • Трансфер на придонесот на Бомбардиер Транспорт за многу брзиот воз V300 ZEFIRO и понудата за IP лиценца на Hitachi за возот кој е во ко -развој меѓу Бомбардиер и Хитачи за употреба во идни тендери за супер брзи возови;
  • Пренасочување на производството на Alstom Coradia Polyvalent и Reichshoffen кон Франција;
  • Пренасочување на платформата на Bombardier TALENT 3 и производствените капацитети кон Германија и
  • Обезбедување на пристап до одредени интерфејси и производи за некои од единиците за сигнализација на бордот во транспортот и системите за  управување на контролата на возот(TCMS).

Пренасочувањата ќе бидат во корелација со сите применливи социјални процеси и консултации со телата на преставниците на вработените, а трансакцијата останува предмет на дополнителни регулаторни одобрувања во неколку други надлежности и вообичаени услови на затворање. Завршувањето на аквизицијата/преземањето се очекува да се случи првата половина на 2021 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *