МИКРОМОБИЛНОТО ПАРКИРАЊЕ ЗА ПОБЕЗБЕДНИ И ПОРЕЛАКСИРАНИ УЛИЦИ ЗА СООБРАЌАЈ

Генералниот директор на Beryl, Филип Елис дискутира за начините како интегрираните системи за паркирање на транспортните мобилни уреди  како што се е-тротинетите и е – велосипедите, може да допринесат во закрепнување од корона вирусот како и кон ублажување од климатските промени.

Најголемите проблеми со кои се соочуваат локалните власти откако е започната микромобилноста се паркинзите за истите. Бидејќи многу градови во Велика Британија се подготвени да ги имплементираат е-тротинетите и е–велосипедите во нивниот урбаниот сообраќај, мора да се размисли за социјалната и физичката инфраструктура се со цел улиците да се направат побезбедни и порелаксирани за движење.

КОВИД 19 предизвика хаос и во индустријата за микромобилноста, но се укажува дека истата е акцентирана како одржлива и тоа баш во период на светската пандемија, во период кога се бара социјална дистанца и одржливи и активни начини на транспорт. Но иако овие превозни средства лесно ќе ги инкорпорираме во начините за превезување, останува отворено прашањето за нивните паркинг места.

Традиционалната станица со полначи за средствата за транспорт во микромобилноста е најпрепознатливо решение, но се јавуваат повеќе проблеми. Овие станици се големи, скапи, тешко одржливи поради оштетувањата од страна на вандали. Постојат неколку примери за традиционална докинг инфраструктура која се однесува на е–транспортните средства.

Мора да постојат заеднички шеми за одржување на е-тротинети и е–велосипеди, кои би ги одржале истите да изгледат употребливо, корисно и репрезентативно, за да посака патникот да ги користи.

Некои од овие е–транспортни средства се стоечки, некои имаат седиште и постојано се оди кон нивно подобрување како на изглед така и на перформансите. Но мора да се мисли и на местата за паркинзи, да постојат огласни табли кои би ги понудиле сите потреби информации, да има место за паркирање близу кафулиња, продавници и сите објекти од јавен интерес.

Погрешно се мисли дека ако постојат само традиционални докинг паркинзи овие транспортни средства би биле сигурни на тие места за паркирање. Сепак во самите транспортни единици може да се вградат шеми за следење и во секое време да се знае неговата локација, се со цел да се намали загубата на истите. Се докажа дека добар систем за следење и ангажиран тим е многу подобра опција отколку традиционалните докинг станици и нивно стандардно обезбедување.

Градовите треба да преземат мерки и да изнајдат паркинг решенија кои би одговарале на заедничките шеми со микромобилноста. Истражувањата имаат покажано дека корисниците на овие  услуги ги ценат флексибилноста, достапноста на полначите, маркирани места за земање и оставање на е-тротинети и е – велосипеди, како постојаната снабденост на блиски растојанија со вакви транспортни средства; ефтини, брзи и разбирлив начин на користење.

„Треба да ја поттикнеме микромобилноста низ сите градови во време кога препорачуваме социјална дистанца во јавниот превоз, а воедно сакаме да го намалиме загадувањето и климатските промени. Но мораме да ги средиме паркинзите, да изградиме безбедна инфраструктура за возење со е-тротинети и е–велосипеди и во секој случај да ги натераме граѓаните активно да учествуваат во овој вид на сообраќај и да станат свесни за придобивките од истиот.“ – вели во неговата изјава Филип Елис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *