ГЕРМАНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ – DB ЈА ПРОШИРУВА ИЦЕ ФЛОТАТА СО 30 ДОПОЛНИТЕЛНИ ВОЗОВИ НА СИМЕНС ВЕЛАРО

Новите возови, именувани Веларо-МС (Мулти систем) од Сименс можат да работат на неколку влечни напони во соседните земји и да ја користат истата конструкциска платформа како претходните возови Веларо-Д, кои исто така се мулти-системски.

DB објави тендер за нови 90 ИЦЕ возови кои се способни за меѓународен сообраќај, а во септември 2019 година ги објави плановите за набавка на првите 30 возови по распишување на тендерот за нивно производство во октомври 2019 година.

Сименс ќе ги произведува возовите во Крефелд, додека електро системите ќе бидат произведувани во Ерланж, Баварија. Долниот дел од вагоните ќе бидат доставени од Грац, Австрија.

Возовите се долги 200 метри составени од 8 вагони и се дизајнирани за Вмакс од 320км/час со снага од 8MW.

Возовите можат да работат во спрега од две гарнитури со постојните возови Веларо класа 407 со максимална брзина од 320 км на час, од кои 17 се испорачани меѓу 2010 и 2012 година.

ДБ планира да ги искористи новите возови за проширување на брзите услуги помеѓу регионот Рур и Минхен користејќи брзата линија по рајнската магистрала помеѓу Келн и Франкфурт.

Проширувањето на возниот парк на Веларо ќе му овозможи на ДБ да ја зголеми употребата на услугите кон Париз и Брисел.

Ентериерите на возот се редизајнирани со ново бистро, простор за складирање на велосипеди и фамилијарни зони.

Секој воз ќе има 440 места. Новите возови ќе бидат првите возови со голема брзина што ќе го карактеризираат новото радио подобно застаклување на Сименс, кој е дизајнирано да им овозможи на сигналите на мобилните телефони да навлезат низ стаклото и веќе се распоредени во возниот парк Desiro HC што се користи за RRX услугите во регионот Рур .

Германската влада планира нова национална мрежа за мобилни комуникации, како дел од нејзиниот економски стимул по коронавирусот, со што ќе се отстранат многуте постојни празнини во покриеноста, особено во руралните области.

Главниот извршен директор на ДБ, др. Ричард Луц, на прес-конференција во Берлин на 15 јули објасни дека новите возови ќе се користат за ракување со дополнителни многу брзи услуги на „Спринтер“, и дека проширувањето на флотата ICE на 411 возови до 2026 година е клучен чекор за градење на ДБ флотата што треба да ги испорача плановите за фрекфенција  на возови на половина час помеѓу поголемите градови.

Анализата на DB во врска со плановите за ICE флотата покажува дека операторот ќе ги задржи сите постојни возови освен 11 возови со пет вагони од класата 415 ICE-T и ќе ги работи сите 137 ICE4 возови по нарачка плус дополнителните 30 Веларо-МС до крајот на 2026 година.

Германскиот федерален министер за транспорт, г-дин Андреас Шеуер, ја истакна поддршката на владата за планираниот возен ред со редовни интервали, „Deutschland Takt“ и исто така инвестициите во железничкиот сектор да дејствуваат како економски стимул во време на „Ковид-19“.

Нарачката на овие ICE возови обезбедува илјадници работни места во Сименс и други независни добавувачи.

Шеуер исто така најави планови за мултимилионска инвестициска програма за реновирање и надградба на 150 станици низ Германија во наредната година со цел создавање деловни можности за малите и средни претпријатија во градежништвото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *