ВОДИЧ ЗА HYPERLOOP ОБЈАВЕН ОД СТРАНА НА USDOT И NETT COUNCIL

Како прв од овој вид на документи, Водичот за Hyperloop, ја придвижува САД чекор поблизу до развивање на хипер-брзина низ целата земја.

На 23 јули, 2020 година, секретарот при Министерството за транспорт во САД (USDOT), Елеин Л. Чао и Советот за нетрадиционална и иновативна транспортна технологија (NETT Council) го обелодинија водичот со јасна регулаторна рамка за развој на Hyperloop во САД.

Секретарот на Министерството за транспорт во САД (USDOT), Елеин Л. Чао, изјави: „Овој водич го премостува јазот помеѓу иноваторот и регулаторот, дава приоритет на безбедноста за време на развојот без да се нарушува иновацијата и се промовира меѓусебна доверба помеѓу владата и индустријата.“

Водичот со регулаторни упатства за Hyperloop е прв од ваков тип во цел свет, што дополнително укажува на фактот дека САД планираат да бидат лидер во светот во овој домен.

Сер Ричард Брансон, основач на „Вирџин Груп“, изјавува: „ Hyperloop нуди единствена можност да го води светот во делот на транспортот кон 21 век. Потребен е дополнителен напор да се поместат работите од мртва точка и да се оди напред. Овој документ само ќе помогне да се отпочнат работите и притоа САД да се постави на лидерско место во оваа индустрија.

„Вирџин Груп“ тесно соработувала со Советот за нетрадиционална и иновативна транспортна технологија (NETT Council) во текот на минатата година, од нејзиното создавање во март 2019 години, за да ја унапреди својата технологија и да се осигура дека тие се во состојба да ја распоредат Hyperloop технологијата брзо и ефикасно.

Оваа историска објава не само почетокот на регулирацијата и распоредувањето на  Hyperloop во САД, туку ја потврдува неговата подобност за федерално финансирање на проекти.

Замек – помошникот секретар за транспортна политика при Министерството за транспорт во САД (USDOT),Финч Фултон изјави: „ Утврдивме дека проектите поврзани со Hyperloop се исто толку подобни за грант како и секој проект Маглев или проект со магнетна левитација.

Ова ги вклучува Програмата за консолидирана железничка администрација (FRA), Програмата за консолидирана железничка инфраструктура и подобрувања во безбедноста  (CRISI), грантови од страна на канцелариите BUILD и  INFRA и останати програми од овој вид.

Ова значи дека истотака проектите поврзани со Hyperloop би биле квалификувани за некои од програмите од Одделот за давање на заем и позајмувања.

Џеј Волдер, извршен директор на Virgin Hyperloop, изјави: „Секретарот Чао и NETT Council работат со невидена брзина за да се осигураат дека САД ќе бидат во првите редови за развој на Hyperloop.

Јасно е дека Министерството за транспорт на САД (USDOT) ја дели истата визија со нас, за тоа како да се развива инфраструктурата не на начин само земјата да се обновува туку воедно да се развива и да се излезе од настанатава криза.“

Како целосно нова технологија за транспорт, Hyperloop ќе ги отклучи експоненцијалните можности за раст на производните и развојните работни места во индустријата  – низ градежништво, воздушна индустрија, железничката, автомобилската и авио индустријата, електричните и автономните возила.

Во јуни, 2020 година Virgin Hyperloop објави партнерство со Spirit AeroSystems, еден од најголемите производители за вселената. Инженерите, производителите во фабриката, градежниците, синџирот за снабдување и експертите за сертификација ќе ја користат релевантната експертиза во областа на воздушната вселенската индустрија за да  го произведат  Hyperloop, односно можност да се доближат во овој сектор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *