АМТРАК СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ВЛЕЕ ДОВЕРБА ЗА ПАТУВАЊЕ КАЈ ПАТНИЦИТЕ ПОСЛЕ КОРОНА СИТУАЦИЈАТА

Целта на Амтрак е „што помалку интеракција, поголема контрола и подобрување на целокупното искуство при патувањето“ кое би го понудиле на нивните корисници, истакнуваат претставниците на оваа компанија.

Амтрак подготвува планови за во иднина, кога рестриктивните мерки поради пандемијата со корона вирусот би се намалиле и би се отворила можност за долги релаксирачки патувања со воз, воедно да воведе подобрена мобилна апликација но и подобрени протоколи за чистење.

„Постои огромна екипа која работи на подобрување на технологијата која на нашите патници ќе им понуди повеќе информации, поголема контрола и полесни трансакции“ – истакна претседателот на Амтрак, Тони Косија. „Како одговор на кризата во која сега се наоѓаме и променливите очекувања на клиентите, ние само бараме начин како да го забрзаме процесот со кој што би им излегле во пресрет на барањата, односно да ги добијат потребните информации со што помалку контакт, но во истовреме да постои едноставен систем на употреба.“

Поточно, Косија напоменува дека се повеќе се потпираат врз апликацијата за билети која веќе е во употреба но и на нивниот систем за пораки кои го кажуваат времето на тргнување и ги информира патниците. „Ова помага патниците да се упатат на правото место без притоа непотребно да талкаат низ станицата повеќе време отколку што е потребно.“ – додава тој.

Кога станува збор за оброците кои се служат во текот на патувањето, тој рече дека компанијата ќе се потруди однапред да ги изврши сите нарачки и сето тоа да се направи со помош на мобилната апликација, секако во насока да се намали контактот помеѓу персоналот и патниците.

„Наместо да одите и да чекате ред во кафулето, вие ќе можете вашата нарачка да ја нарачате однапред преку мобилната апликација и кога ќе стигнете на местото, ќе треба само да ја подигнете. Ова ќе ја зголеми ефикасноста и ќе го намали времетраењето на социјалниот контакт и секако контролата.“ – истакнува понатаму Косија во својата изјава.

Пандемијата со корона вирусот ја натера компанијата Амтрак многу брзо да ги прилагоди своите услови на работа во однос на потребите на нејзините патници, па така ја укина таксата која ја наплаќаше за промена на картите за патувањето но и го направи поригорозно чистењето на возовите согласно препораките. Во моментов Амтрак работи само со 50% проценти од своите капацитети, а популарната рута од Вашингтон до Бостон е привремено прекината.

Главниот извршен директор Бил Флин, изјави дека подобрената рутина на чистење ќе продолжи и по завршувањето на пандемијата со корона вирусот.

„Сметаме дека тоа ќе го ценат нашите патници кога повторно ќе почнат да патуваат  да ги користат нашите услуги“ – понатаму изјави Флин.

Опишувајќи го надминувањето на корона вирусот како „огромен предизвик“ Косија уверува дека протоколите кои ќе се применуваат ќе им го подобри комплетното искуство на патниците и ќе им даде „можност да ја зголемат својата доверба кон своето патување“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *