НАЈДОЛГАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА ЛИНИЈА ВО СВЕТОТ ОД ЛИСАБОН ДО САЈГОН СО ВОЗ

Има нешто навистина посебно и неизмерно романтично во патувањето со воз. Обично велат дека станува збор за авантура што останува во сеќавањата и ве враќа во некое друго време. Самото тоа да се биде во воз ќе ви даде искуство за сосема поинакво патување. Покрај вас, се менуваат убави сцени со незаборавни пејсажи, наизменично додека уживате со чаша пијалок и замислено ги набљудувате, како да патуваат со вас.

Поттикнати од вчерашниот податок за најдолгата железничка линија во светот по која непрекинато можете да се возите со воз што започнува од Лисабон во Португалија, а завршува во Сајгон, денешен Хо Ши Мин во Виетнам решивме барем преку текст и слики да ја почуствуваме оваа авантура и да дознаеме и други податоци во врска со ова патување.

Патувањето вкупно би траело 14 дена и би чинело околу 2.100 евра во еден правец, а ќе се поминат 17 034 километри преку 10 држави.

Да започнеме по ред, тргнуваме навечер од Лисабон, од железничката станица Лисабон Ориент со ноќниот воз до Мадрид, а од Мадрид го продолжуваме патувањето кон Барселона и Париз.

ПРИСТИГНУВА ТРГНУВА Цена Километри
ВОЗ БРОЈ HOT 335 112 € 625
Lisboa Santa Apolonia ДЕН 1 dep 21:25
Lisboa Oriente arr 21:32 dep 21:34
Madrid-Chamartin arr 08:40 ДЕН 2
Воз број AVE 3271 110 € 615
Madrid-Puerta de Atocha ДЕН 2 dep 07:20
Barcelona Sants arr 09:50
Воз број TGV 9702 140 € 831
Barcelona Sants dep 10:10
Paris Gare de Lyon arr 16:48 ДЕН 2
Железничката станица Лисабон Ориенте
Ноќниот воз со спални коли на релација Лисабон – Мадрид
Внатрешниот ентериер од кабина за двајца во кола за спиење
Железничката станица Мадрид Атоха
Од Мадрид до Барселона со АВЕ возовите управувани од РЕНФЕ, шпанскиот национален превозник
На релација Барселона – Париз оперираат во заедничка соработка шпанскиот РЕНФЕ и францускиот национален оператор СНЦФ со АВЕ/ТЖВ возови

Од Париз до Москва секојдневно сообраќа вагон за спиење во сопственост на Руските железници. Поаѓањето на возот е од железничката станица Париз Ест во 18:57 ч.

ПРИСТ. ТРГНУВА Цена Километри
Воз број D 24JI 450 € 2850
Paris Est ДЕН 2 dep 18:57
Frankfurt(Main)Süd arr 01:56 dep 01:58
Berlin Hbf arr 07:21 dep 07:26
Poznan Gl. arr 10:40 dep 10:43
Warszawa Wschodnia arr 15:11 dep 15:46
Brest Central arr 21:23 dep 23:23
Baranovichi Centralnye arr 01:27 dep 01:29
Minsk-Passajirskii arr 03:05 dep 03:20
Smolensk arr 07:09 dep 07:13
Moskva Belorusskaja arr 11:44 ДЕН 4

 

 

 

 

 

 

 

 

Железничката станица Париз Ест
Внатрешноста на спален вагон на РЖД кој сообраќа на релација Париз – Москва
Од Париз до Москва се поминуваат градовите, Франкфурт, Берлин, Варшава и Минск

Во Москва пристигнувањето е во четвртиот ден од ова патување започнато од Лисабон. За да го продолжиме истиот ден патувањето кон Пекинг, треба да сме во Москва среда или сабота кога тргнува возот за Кина. Ова е најдолгата релација што ќе се помине со еден воз. Инаку со возот ќе се помине покрај Бајкалското Езеро, односно сообраќа преку транс-сибирската магистрала, при што возот ќе ја напушти истата магистрала веднаш после Иркутск за да се упати кон Улан Батор во Монголија и од таму за Пекинг.

ПРИСТ. ТРГНУВА Цена Километри
Воз број К4 960 € 7621
Moskva Yaroslavsk ДЕН 4 23:55
Ekaterinburg 01:16 01:44
Irkutsk 02:13 03:08
Ulaanbaatar (Ulan Bator) 06:45 07:30
Erlian 21:00 02:00
Beijing 14:35 ДЕН 10

 

Железничката станица Москва Јарославск од каде поаѓа возот за Пекинг
Возот е составен со спални вагони од прва и втора класа, како и вагон ресторани
Помеѓу трите држави, Русија, Монголија и Кина започнати се подготовките за реализација на проектот за брза пруга помеѓу Москва и Кина

Наредното патување започнува на десетиот ден од железничката станица Пекинг Запад за Ханој, Виетнам. Исто така на оваа релација возовите сообраќаат два пати неделно поминувајќи за 3 дена нешто помалку од 2 800 километри.

ПРИСТ. ТРГНУВА Цена Километри
Воз број Z5 294 € 2766
Beijing West ДЕН 10 16:04
Gia Lam, Hanoi 05:20 ДЕН 13
Воз број SE 5 44 € 1726
Ha Noi ДЕН 13 08:50
Sai Gon ( Ho Chi Minh City) 18:55 ДЕН 14

 

Железничката станица во Ханој, Виетнам

 

Улицата на возовите во Ханој, Виетнам

 

Возен персонал на Виетнамски железници

 

Ламан Експрес, Ханој Виетнам

 

После две недели се пристигнува на целта, Сајгон, Виетнам поминувајќи 9 временски зони за 2 волшебни недели. На ова „патување“ се менуваат седум возови, а железничката пруга преку европските престолнини, Лисабон, Мадрид, Париз, Берлин, Варшава и Москва, не води низ сибирската тајга и тревните степи на Монголија до Пекинг, а после и до прекрасниот Виетнам.

Железничката станица во Сајгон, Виетнам

Секако целата маршрута не е изводлива за нас, но патувањето од Скопје до Лисабон може да биде авантура, а до Виетнам, вистински предизвик преку Турција и Иран. За овие патувања ќе пишуваме во наредниот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *