ТРИ ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА ШВАЈЦАРСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ
Три производители се претквалификуваа за договор за снабдување на вкупно 194 електро-мултифункционални гарнитури во процес на набавка што го водат Швајцарските Федерални железници и нејзините регионални компании Thurbo во Thurgau и RegionAlps во Valais.
Потесни кандидати за избор се: Alstom, Siemens Mobility и Stadler.
Органите за набавка бараат дизајн на едноподна гарнитура која веќе е докажана со својата употреба во рамки на Европа. Понудувачите требаше да им ги покажат економските перформанси , капацитет и ресурси, управување со квалитетот, одржувањето на нивоата и нивна усогласеност со законските регулативи.
Тројцата прозиводители имаат рок до средината на 2021 година да ги дадат своите понуди. Договорот се очекува дека ќе биде доделен и потпишан до 2022 година, а првите произведени возови би требало да влезат во функција во 2025 година.
Најпрвин би се одело со промена на возилата со истечен рок на траење, а договорот понатаму би опфатил и дополнителни 316 единици кои би можеле да бидат земени по потреба.

