JR EAST, HITACHI И TOYOTA ВО РАЗВОЈ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ВОЗИЛА НА ВОДОРОД

East Japan Railway Company (JR East), Hitachi и Toyota Motor се согласија да развијат хибридни железнички возила напојувани од водород.

Трите компании потпишаа договор за соработка за развој на пробни железнички возила преку интегрирање на железнички и автомобилски технологии.

Возилата ќе бидат опремени со хибридни системи кои користат ќелии на водородно гориво и батерии за складирање како извор на електрична енергија.

Преку соработката, компаниите имаат намера дополнително да ја зајакнат еколошката супериорност на железниците и да реализираат одржлив развој на транспортот.

JR East ќе го дизајнира и произведува возот, кој ќе биде познат како Hybari. Тојота ќе го развие уредот за горивни ќелии додека системот за хибриден погон ќе го развива Хитачи.

Во изјавата, компаниите велат: „Хибридниот погонски систем ќе ги снабдува со електричната енергија влечните мотори и од уредот за горивни ќелии и од батериите за складирање на електрична енергија, контролирајќи го движењето на тркалата“.

Тест-возот со два вагона се очекува да сообраќа со максимална брзина од 100 километри на час и со опсег на возење до 140 километри.

Трите компании имаат за цел да започнат со пробни возења на воз напојуван со водород во март 2022 година на линијата JR East Tsurumi Line и Nambu Line во предградијата на Токио, Јапонија. Овој проект ќе изнесува 38 милиони американски долари.

Претседателот на JR East, Јуџи Фукасава, на прес-конференција изјави: „Како наш следен чекор по контролата на пробните возења ќе биде комерцијалното производство“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *