CMA CGM ГО ПРЕВЗЕМА ШПАНСКИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ОПЕРАТОР CONTINENTAL RAIL

Француската компанија за контејнерски превози CMA CGM Group се здоби со акции во еден од најголемите шпански приватни железнички оператори, Continental Rail, преку CCIS, сопствениот оддел за внатрешна логистика.

Договорот за откуп на акции беше потпишан на крајот на јуни 2021 година и се очекува да биде финализиран во третиот квартал од оваа година. Вкупната вредност на акциите е приближно 25 милиони евра.

Continental Rail е основана во мај 2000 година во Мадрид и е една од главните приватни железнички оператори во Шпанија. Компанијата е специјализирана за интермодален транспорт помеѓу најголемите пристаништа во Шпанија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *