ХИТАЧИ РЕЈЛ И ХИПЕРДРАЈВ ГИ ЗДРУЖУВААТ СИЛИТЕ ЗА ДА РАЗВИЈАТ ТЕХНОЛОГИЈАТА НА БАТЕРИИ ЗА ВОЗОВИ

Ексклузивниот договор помеѓу Hitachi Rail и Hyperdrive Innovation ќе овозможи компаниите да развијат батерии кои ќе ги напојуваат возовите со нулта емисија на гасови и да создадат батериски хаб на северо-источниот дел на Англија.

Кога ќе се земе во предвид дека во Велика Британија скоро две третини (58%) од железничката мрежа што изнесува 32,000 километри не се електрифицирани, а владата има поставено амбициозни цели за декарбонизацијата, анализата од „Хитачи“ железницата проценува дека потенцијалниот пазар за батериите на „Хипердрајв“ и „Хитачи“ изнесува над 400 возови.

Договорот означува важен чекор кон производство на батерии во објектот на Хипердрајв HYVE во Сандерленд, и потоа инсталирање на истите на само 30 километри подалеку, во фабриката за изградба на возови на Хитачи Рејл во Њутн Ајклиф, округ Дурам.

Хитачи ја идентификуваше својата флота од 275 возови како први потенцијални ресиптори на батерии за употреба во Велика Британија, како и инсталирање на истите на новите метро и меѓуградски возови што ќе бидат употребни во наредните години за замена на старите дизел гарнитури.

Возовите на батерии не создаваат стакленички гасови, загадување на воздухот и се далеку потивки, нудејќи им на патниците почист воздух во станиците, помалку нарушување на бучавата и начин на патување без јаглерод. Инсталирањето на батерии на постојните флоти исто така може да го прошири нивниот опсег и да им овозможи на патниците да стигнат до станиците на неелектрифицираните пруги без да менуваат воз.

Распространетото прифаќање на технологијата на батерии за возови може да биде голем поттик за индустријата во Велика Британија, создавајќи пазар за Hyperdrive за да ја зголеми својата производствена способност до 30.000 батерии на годишно ниво и двојно да го зголеми бројот на работни места во својата фабрика во Сандерленд.

Развојот на првиот независен капацитет за производство на батерии во Велика Британија ќе ги намали трошоците и за прв пат ќе понуди домашно производство на батерии за железничкиот, автомобилскиот, градежниот и енергетски сектор.

Договорот е пример за глобална компанија која инвестира во еден од нејзините клучни пазари и ја инкубира локалната технологија. Тоа е средство за споделување на вештини, ресурси и знаење што ќе создаде батерии што се најдобри во класата и ќе помогне да се позиционира северо-истокот како центар за технологија на батерии – поддржувајќи ја агендата за израмнување на владата.

Ендрју Бар, извршниот директор на компанијата „Хитачи Рејл“, изјави: „Возовите на батерии можат да играат клучна улога во подобрувањето на воздухот што го дишеме, во справувањето со климатските промени и во обезбедувањето на модерна железничка услуга со високи перформанси – сите работи што ги знаеме и патниците сакаат да ги видат. Партнерството со Hyperdrive создава можност батериите за новите возови да можат сега да се нарачаат. Ова е исто така можност да се намали јаглеродот и да се надополни зеленото закрепнување на северо-исток во Велика Британија“.

Крис Пенисон, извршниот директор на „Хипердрајв“, рече: „Ние сме задоволни што ја доведовме нашата експертиза и искуство како доверлив партнер за електрификација во новата индустрија, помагајќи им на иновативна организација како Хитачи, бидејќи ја модернизира и декарбонизира железничката мрежа во Велика Британија. Нашето партнерство со Хитачи ќе обезбеди голема инвестиција и работни места, зајакнувајќи го ланецот на снабдување со батерии во Велика Британија и одржувањето на земјата да биде на добар пат да достигне нето-нула до 2050 година.“

Министерот за бизнис и индустрија, Надим Захави, изјави: „Фантастично е да се видат две иновативни компании што ги здружуваат силите за да создадат работни места со квалитетни производствени капацитети на северо-истокот. Системот на јавен транспорт без загадувачки емисии е од суштинско значење ако сакаме да изградиме посилно, позелено економско закрепнување што шири просперитет и можност ширум Велика Британија“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *