РАНГИРАЊЕ НА ГРАДОВИ СПОРЕД НАЈДОБАР ЈАВЕН ПРЕВОЗ
Ќе се каже дека полесно се ужива во град, кој лесно може да се обиколи. Затоа најдобро рангираните градови во туризмот може да се пофалат со одлични субвенционирани системи на јавен превоз, составени од возови, метроа, автобуси, бродови, кои на брз, ефтин и ефикасен начин можат да ве превезат од една до друга локација.
Според Џон Ферфилд, професор по историја и урбан развој на Xavier University, со користење на јавен превоз доаѓаат и други бенефити како намален енергетски отпечаток и подобрена безбедност на патиштата.
Не може да се истакнат најдобрите јавни системи за превоз во светот поради тоа што различни луѓе имаат различни критериуми на оценување, па така некои ја ценат достапноста над ефикасноста или одржливоста, некои обрнуваат внимание на цената, некои на одржливоста итн.
Но помеѓу експертите постои согласност за овие градови дека поседуваат едни од најдобрите јавни транспортни мрежи.
-
Берлин
Берлинскиот јавен транспорт е достапен, јавен, точен и многу сеопфатен, кој е обмислен да им служи на над 900 милиони патници годишно. Во 2019 година градот објави дека до 2032 година ќе потроши скоро 32 милијарди американски долари за унапредување на јавниот превоз:
- ќе се зголеми капацитетот на трамвајскиот превоз за 28%,
- ќе се прошири градската железничката мрежа S-Bahn и
- секој автобус во градот ќе биде на електричен погон).
-
Стокхолм

Овој град нуди ефикасна мрежа на автобуси, возови, метро и фериботи. Подземниот систем на метро – The Tunnelbana или T-bana е високо ценет, познат по чистотата, безбедноста и пространоста.
Бродовите се истотака убав начин на патување за разгледување на околината и историските знаменитости, забавни паркови и сл.
Метрото во Стокхолм се издвојува по неговата „уметност“ односно тоа е светски најдолгата галерија, самите метро-станици се украсени со скулптури, мозаици, слики и други уметнички дела.
-
Пекинг
Ова е втор по големина град во светот и секако има побарувачка да има добар јавен превоз, па така во градот до 2021 година се планирани дополнителни 12 метро линии. Самиот јавен превоз содржи многу ознаки на англиски јазик, но сепак бидете спремни ако го користите јавниот превоз за време на метежот истиот да биде преполн.
-
Прага
Шетањето низ Прага е сосема привлечно кога знаете дека има добар начин да стигнете до сите делови на градот. Ефикасна мрежа која се состои од метро линија, трамваи и автобуси кои ги користат дветретини од популацијата на Прага. Начинот на наплата на превозот е врз основа на времетраење на патувањето, а не дестинацијата каде се патува.
-
Њујорк
И покрај проблеми со стаорци по станиците, вандали кои ги уништуваат вагоните и останати проблеми, сепак во Њујорк е исклучително лесно да се патува со јавен транспорт ако се земе во предвид дека половина од домаќинствата не поседуваат приватен автомобил.
Во Њујорк е најголемата метро мрежа со 472 станици, во комбинација со широк автобуски систем, што нуди опција да стигнете каде и да сакате.
Скоро 77% од населението кое го користи јавниот превоз е задоволно особено од поставувањето на специјални ленти за движење на автобусите за да се скрати времето на нивното патување.
-
Цирих
Цирих е град кој се гордее со својот јавен превоз – систавен од трамваи, бродови, жичарници и возови.
Ако се патува надвор од градот може да се набави интегриран пас билет со кој ќе може лесно да го поврзете внатрешниот градски систем на возови, бродови и автобуси кои патуваат кон околината и надвор кон други градови и села.
-
Шангај
Шангај својата мрежа на јавен превоз ја моделираше според онаа во Њујорк, но на свој автентичен начин.
Системот на транспорт е прецизен, брз, точен и достапен, ефикасен но и многу безбеден. Ова високо ниво на перформанси е импресивно ако се земе во предвид бројот на патници кои секојдневно се опслужуваат.
Јавниот транспорт е одгорен за над 2 милијарди патници кои се превезуваат во текот на годината. Амбициозниот план на јавниот превоз за до 2030 година е метро линијата да биде пет пати подолга од онаа во Хонг Конг со комбинирани линии на MTR, Airport Express и Light Rail lines.
-
Дубаи
Градот има многу инвестирано во метрото, автобусите и трамваите и е многу популарен помеѓу патниците. Покрај фериботите, трамвајот, монореилот, автобусите и возовите, градот нуди уникатни стилски дрвени такси на вода.
-
Токио

Патувањето околу и низ Токио е раздвижено, ефикасно, со обемна урбана железница (која ослужува околу 3,5 милијарди патници годишно).
Инфраструктурата е многу солидна, па така скоро секое работно место (над 80% од работните места) се наоѓаат на оддалеченост на околу 1 километар од метро станиците или железничките станици.
Иако метежот може да предизвика одложувања во патувањето, сепак јавниот транспорт во Токио е познат по својата точност.
-
Чикаго
Вториот по големина јавен транспорт во САД е чикашкиот и се издвојува по неколку важни фактори. Еден од факторите е чинењето, намалена и комплементарна цена за инвалидни лица, воен персонал, пензионери. Пристапноста е дури 100 % кај автобусите, 70% кај метроата.
Одржливоста е истотака важен фактор и се оди кон обнова на автобусите од дизел кон оние кои се движат на електрична енергија. Технолошкиот фактор и нудењето околу 20 апликации за пристапно користење на јавниот превоз е многу олеснително. Самите апликации користат мапи, маршрути, одлики за планирање на брзо патување и сл.
-
Мадрид
Покрај солидниот јавен транспорт внатре во самиот град, Мадрид поседува има одличен систем за транзит кој се поврзува со лесни железнички возови.
Скоро 89% од населението во Мадрид има достапност до јавен превоз во радиус од 1 километар.
Покрај пристапноста ( 60% од метро станиците и 100% од автобуските станици имаат пристап со инавалидска количка) на јавниот превоз, патниците исто така ја ценат удобноста на системот.
-
Париз
Со својата неверојатна култура и уметност, Париз поседува и супериорен транспортен систем. Јавниот транспорт во Париз работи 24 часа и има околу 6,75 милиони корисници на неговите услуги.
Системот е еден од најбезбедните бидејќи користи генијални мерки како што е програмата за инсталирање на 40 000 камери на железничките станици. Јавниот транспорт во Париз има едни од најсовремените електронски услуги: 2 400 екрани со информации во реално време за да можат корисниците лесно да свршат навигација низ градот.
-
Хонг Конг
Хонг Конг има еден од најимпресивните јавни системи за транспорт со преку 5,8 милиони корисници во текот на денот.
Скоро 75% од населението има достапност на станици во радиус на 1 километар околу живеалиштето или работното место. Чинењето на јавниот превоз е ефтино, а патниците се задоволни од трошоците за јавен превоз.
Иако системот е лесен за маневрирање откако ќе се разбере, сепак знае да биде комплициран и ќе ви треба некоја минута детално да го простудирате пред да започнете да го користите.
-
Лондон
Системот на јавен превоз во Лондон е на задоволувачко ниво(83% од корисниците изјавуваат дека се задоволни од превозот), транспортот е достапен, ефикасен и иновативен.
Цените се замрзанти во периодот од 2016 до 2020 година. Иако е сложен систем, тој е многу лесен за навигација, системот на метрото е лесен за читање преку мапи, па дури и патниците може да ги користат мапите за движење пешки по градот.
Hop-on & hop-off автобусите, иако не се уникатни за градот се користат за разгледување со помош на кои посетителите може на забавен и едноставен начин да го запознаат Лондон и да ги видат знаменитостите.
1.Сингапур
Највисоко ниво на задоволство од користење на јавниот превоз е за јавниот превоз во Сингапур, каде 86% од патниците дале позитивна оцена. Јавниот транспорт во Сингапур може да се пофали со врвни електронски услуги, планер за патувања, опции за билети и лесна за користење EZ-link картичка (најчесто поврзана со некоја апликација).
Достапноста на јавниот превоз во Сингапур се однесува и на посетителите и на туристите и на домашните патници
И покрај солидноста на овој транспортен систем, Владата крои планови за негово понатамошно подобрување, проширување и зголемување на доверливоста.
















