ОБЈАВЕН ЛЕТНИОТ ВОЗЕН РЕД ВО МЕЃУНАРОДНИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПАТНИЧКИ ПРЕВОЗ

Започнувајќи од 15.06.2019 година се воведува летниот возен ред во железничкиот меѓународен патнички сообраќај, односно ќе сообраќаат возовите на релација Топчидер (Белград) – Скопје – Солун и обратно. На релација Гевгелија- Солун и обратно трансферот на патниците од возовите ќе се врши со автобус на грчкиот железнички оператор „TRAINOSE“. Автобусите тргнуваат и пристигнуваат од железничката станица во Солун.

Возен Ред

Воз 1335 Пристигнува Тргнува Воз 1334 Прист. Тргнува
Топчидер 18:35 Солун 18:51  (Автобус)
Ниш 23:10 23:18 Гевгелија 19:16 19:48
Куманово 03:54 03:55 Велес 21:11 21:13
Скопје 04:25 04:45 Скопје 21:54 22:19
Велес 05:25 05:26 Куманово 22:52 22:53
Гевгелија 06:10 06:50 (Автобус) Ниш 03:40 03:57
Солун 09:33 Топчидер 08:14

На релација Гевгелија- Скопје – Белград и обратно покрај вагоните со седишта, патниците од Скопје ќе можат да користат и вагон со легла. Доплатата за едно легло изнесува 372 МКД.

Во Белград, пристигнувањето, односно тргнувањето на возовите кон југ е од железничката станица Топчидер. Врската со центарот на градот можете да ја остварите со трамвај број 3, а со автобусот бр. 48а до железничка станица „Прокоп“ од каде тргнуваат и пристигнуваат возовите кон север.

ЦЕНИ

Повратниот билет на релација Скопје-Солун и обратно изнесува 1214 МКД, додека во еден правец 756 МКД. Заедно со возниот ред се воведува и повластената тарифа  City Star за повратните патувања на релација Скопје-Солун-Скопје. Цената на чинење на возниот билет е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу во група може да патуваат 5 возрасни лица и едно дете. Во случај на патување на петчлена група на возрасни лица, цената на повратниот билет би изнесувала 836 МКД.

На останатите релации од Скопје, северномакедонскиот железнички оператор ги објави следните цени на билети за повратните патувања:

Релација МКД
Скопје-Белград-Скопје 1709
Скопје-Љубљана-Скопје 4643
Скопје-Будимпешта-Скопје 3034
Скопје-Ниш-Скопје  849

Меѓународниот летен возен ред важи до 15.09.2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *