МЕЃУНАРОДНАТА УНИЈА НА ЖЕЛЕЗНИЦИ(UIC) ЛАНСИРА НОВ СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА НА БИЛЕТИ ВО РЕАЛНО ВРЕМЕ

Меѓународната унија на железници(UIC) направи значаен чекор напред во однос на контрола на патничнките билети во реално време.

Со помош на холандската компанија Hit Rail ја создаде електронската база на податоци за котрола на билети (ETCD), која им овозможува на железничките оператори да издаваат и контролираат билети за воз низ целиот свет.

Главната предност на новата услуга е онлајн размена на информации за контрола на билети помеѓу оние кои ги издаваат билетите и железничките превозници. Оваа размена на информации ја зголемува безбедноста на билетите, ја спречува појавата на измами и ја зајакнува можноста за добивање електронски билети.

Од февруари 2020 година, услугата  (ETCD) се обезбедува со помош на Софтвер како услуга (SaaS). Неколку европски издавачи на билети и превозници воспоставуваат конекции преку истиот.

„ETCD преставува IT решение и е ново решение на Меѓународната унија на железници(UIC) , кое во себе ги комбинира MERITS (распореди), PRIFIS (цени), Hermes (резервации) и ETCD (контролата) и овозможува да се комплетира рамката за дистрибуција и воедно да се понуди на сите европски железници. Ова би преставувало економично, стандардно и стабилно решение за меѓународната железница во однос на бизнисот со продажба на патнички билети.“ – изјави Марк Гигон, директор во Одделот за патници при Меѓународната унија на железници (UIC).

ETCD услуга

Во рамки на работните групи во Одделот за патници при  Меѓународната унија на железници (UIC), експертите во железничкиот сообраќај се согласија за заедничка спецификација на IRS 90918-4 за размена на податоци за контрола на билетите помеѓу издавачите на билети и железничките превозници кои ги контролираат патничките билети.

Услугата ETCD обезбедува централна имплементација на спецификациите за контрола на билетите, дозволувајќи им на членовите на  UIC да разменуваат информации со централниот систем со ниско ниво на сложеност на системот и со пониски трошоци за спроведување од нивна страна. ETCD ќе стане важна основа при купување на билети за патување, бидејќи  постои можност за усвојување и зголемување на електронското купување на билетите.

ETCD услугата обезбедена од страна на холандската компанија Hit Rail ги исполнува барањата за приспособливост, перформанси и безбедносни цели поставени од страна на Меѓународната унија на железници (UIC). Архитектурата за поддршка на услугата користи моќни „cloud“ технологии и е дизајнирана да достигне голем обем на издавање билети и нивно симнување (download) и ќе поддржува идни услуги кои ќе бараат складирање или проверка на податоците од билетите.

Сите технички компоненти на решението се целосно виртуелни и флексибилни на различни оптеретувања и идни промени.

„ETCD е голем технолошки скок напред во користење на апликации кои се без сервер и базите на податоци се наоѓаат на облак (cloud), со цел да се обезбеди солидна и безбедна услуга , која вклучува издавање на милиони билети за железнички превоз“ – истакнува Енрике Руиз, технички директор и проект менаџер на ETCD во холандската компанија Hit Rail.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *