МАГДЕБУРГ (KANALBRÜCKE MAGDEBURG), НАЈГОЛЕМИОТ ПЛОВЕН АКВАДУКТ НА СВЕТ
Магдебург (Kanalbrücke Magdeburg) е воден мост и најголем пловен аквадукт во светот. Ги поврзува каналите Елба-Хавел и Мителленд и им овозможува на бродовите да ја преминат реката Елба.
Водените аквадукти се структури што личат на мостови во функција и изглед, но наместо автомобили, на нив пловат помали бродови и чамци.
До 17 век, кога се појавиле современите пловни системи, аквадуктите се користени исклучиво за снабдување на градовите со вода.
Германскиот Магдебург е најефикасниот и најмодерниот мост од овој вид. Неговата изградба започнала во далечната 1930 година, но поради Втората светска војна и подоцнежната поделба на Германија, работата на истиот била прекината до 1997 година. Аквадуктот конечно бил завршен и отворен за сообраќај во 2003 година.
Каналите што Магдебург ги поврзува пред него се сретнувале од другата страна на Елба, каде што надморската височина е многу помала од онаа на Елба-Хавел и Мителланд.
Тоа ја комплицирало пловидбата и ги принудувало бродовите да го користат обиколен пат подолг за 12 км.
Покрај тоа, честопати ниското ниво на водата на Елба создавало дополнителен проблем, кога преполните баржи (речен товарен брод) не можеле да поминат низ реката на патот од Мителланд до Елба-Хавел, што го принудувало екипажот да растовара дел од товарот и да ги растеретува баржите.
Мостот е долг 918 метри и длабок 4,25 метри, а чинел 500 милиони евра.
Посебна занимливост поврзана со него е е очигледниот доказ за законот на Архимед кој вели: „Губењето на тежината на телото кое се наоѓа во течност е еднакво на тежината на истиснатата течност“.
Следејќи го ова правило, дизајнирањето на мостот е направено така што може да ја издржи само тежината на водата на него, без оглед на тежината на бродот што плови на него.