КАКО ДА ГО НАПРАВИМЕ ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ПРИВЛЕЧНА ОПЦИЈА ВО НАШИОТ ГРАД
Успешниот јавен транспорт е од суштинско значење за секоја стратегија за намалување на емисиите во транспортниот сектор. Тоа е јавно добро, што дава придобивки за ефикасноста на транспортот, намалувањето на загадувањето, локалната и националната економија и социјалната инклузивност.
За да го направиме јавниот превоз атрактивен и секојдневен избор за жителите, градовите мора добро да ја дизајнираат услугата и да ги надминат физичките и културните бариери – особено по прекинот на КОВИД-19. Висококвалитетните услуги за јавен превоз се сигурни, чести, брзи, удобни, достапни и безбедни, опслужуваат релации за кои има побарувачка.
Разбирање на постоечкиот квалитет на услугите а во врска со донесување на одлука за надоградба
Основните барања за анализа се:
Тековните и идни барани маршрути за патување (вклучувајќи ги и патувањата кои моментално се водат со автомобил).
Постоечка фреквенција на услугата.
Постоечкиот капацитет за услуги.
Брзината на патување.
Оваа анализа треба да даде информации во врска со одлуките како на пример каде треба да одат новите автобуски линии или колку автобуси треба да сообраќаат со нив во различни периоди од денот.
Зголемување на приходите, барање на јавни и приватни инвестиции и подготвеност да се субвенционираат оперативните трошоци
Опциите за масовен транзит, како што се метро, лесни железнички транзит (LRT), трамваи и брз транзит со автобус (BRT) се најефикасните и најодржливите начини за преместување на голем број луѓе низ градот.
Сепак, пандемијата на КОВИД-19 силно ги погоди транспортните буџети на општините, како поради намалените приходи од билети, така и поради зголемените оперативни трошоци. Инвестирањето сега во иднината на јавниот транспорт е од суштинско значење ако градовите сакаат да го направат секојдневен избор во месеците и годините што доаѓаат.
Со јасно поставување на програма за планирање на идните транспортни инвестиции, градот треба да гради политички коалиции зад проектите, да ги координираат повеќе страни вклучени во нивното планирање и реализација и да го олеснат обезбедувањето на финансии од владини или од приватни извори.
Последниот пример околу БРТ проектот за град Скопје покажа дека е потребна политчка коалиција од сите чинители како би можел еден поголем проект да се спроведе во целост, односно секоја наредна градска власт во целост да го поддржи.
Пристапот за планирање на јавниот превоз се темели на целата мрежа
Промовирањето на целата мрежа, интермодалниот пристап кон планирањето на физичкиот транзит, цените и операциите вклучува:
Физичко планирање. Масовните транзитни правци, како и пешачката и велосипедската инфраструктура треба да се планираат да се вкрстуваат една со друга, за патниците лесно да се движат од еден во друг транспортен режим за да ги завршат своите патувања.
Интегрирани цени. Платежните системи треба да се интегрираат така што патниците плаќаат само еднаш за патувања кои вклучуваат повеќе начини на јавен превоз. Паметните системи за издавање билети автоматски ја прилагодуваат цената што се наплаќа за да се земат предвид специфичното патување и фреквенцијата на патување на секој патник.
Интегрирани операции. Една и единствена агенција треба да биде одговорна за управување со сите системи за јавен транспорт во градот. Ова овозможува беспрекорна интермодална интеграција и распоред, паметно издавање билети и единечни апликации за корисниците да најдат информации.
Лондон е добар пример за ова: Транспортот за Лондон е одговорен, директно или преку лиценци и франшизи, за управување со лондонските метро, автобуски и трамвајски системи (DLR и Tramlink), велосипедската инфраструктура низ градот и таксито (повеќето помали патишта се управувани од општинските совети).
Физичкото поврзување обезбедено преку јавниот превоз е од клучно значење за успехот на која било стратегија за „15 минутен град“, давајќи приоритет на еднаков пристап на жителите до социјалните и економските можности.
Можеби сите ќе се запрашате за оваа стратегија, но е многу едноставна. Автобуските линии на главните градски артерии и патишта што се користат за патување на подолги растојанија треба да имаат чест превоз, најмалку на секои 15 минути. Главната предност на 15-минутните градски населби е што нудат удобност и квалитет на живот, а не изолација.
Подобрување на автобускиот превоз преку сигурни и едноставни услуги
Како во Скопје, така и во многу градови, автобуските мрежи се неефикасни, се преклопуваат, неправилни, имаат тешко читливи мапи на маршрутата, неурамнотежена покриеност на градот и различна тактност. Ова често се должи на нивната органска историска експанзија. Сепак, овие системи се широко користени и имаат огромен потенцијал.
Градовите како Сиетл, Хјустон, Барселона и Сао Паоло успешно инвестираа во редизајнирање на нивните мрежи и подобрување на стандардите за услуги преку:
Оптимизирање на автобуските линии за да се минимизира преклопувањето и да се обезбеди покриеност низ градот во согласност со побарувачката. Хјустон ја ре-позицинираше автобуската услуга откако беше воспоставена лесната железница за да се намали преклопувањето на овие услуги и да се обезбеди транзитна покриеност во другите области на градот.
Дизајнирање на интуитивна мрежа и лесна автобуска мапа за читање.
Обезбедување високофреквентни и сигурни услуги. Автобуската мрежа може да се подели на главни линии и локални линии, со различни фреквенции но со најголема 15 минутна тактност на долголинискиите главни линии.
Изградба на редовни автобуски постојки за лесен пристап. Во Барселона, максималното растојание помеѓу транзитните постојки во новата автобуска мрежа е 350 метри. Во Сиетл, со планот за надградба на автобуската мрежа ќе се зголеми процентот на домаќинства во рамките на 800 метри.
Да се пренамени патниот простор за изградба на инфраструктура за јавен транспорт
Повеќето улици во градовите се дизајнирани прво за приватни возила. Оваа просторна пристрасност мора да се ребалансира за јавниот транспорт да испорача доверлива, висока фреквентна услуга неопходна за да стане остварлива алтернатива. Високата видливост на прераспределбата на просторот на патиштата, исто така, помага да се поттикнат луѓето да ги користат овие услуги.
Да му дадеме атрактивен идентитет на системот за јавен транспорт
Градот и сите чинители во јавниот превоз мора да работат на надминување на заедничките културни бариери кои ги обесхрабруваат луѓето да избираат јавен превоз. Овие бариери можеби се разликуваат меѓу градовите, но ги вклучуваат стереотипите дека јавниот превоз е „само“ за луѓе со ниски приходи или дека не е модерен.
Маркетиншките кампањи треба да ги истакнат позитивните лични приказни за тоа како поединците имаат корист од користењето на јавниот превоз. Тие, исто така, треба да бидат усогласени со привлечна стратегија за брендирање што му дава на јавниот транспортен систем јасен и атрактивен јавен идентитет.
Да ги искористиме новите технологии и апликации
Транспортните јавни компании можат да ги користат новите технологии, како што се апликациите за паметни телефони, за да ги направат нивните услуги помодерни и полесни за користење. Истовремено, ќе го подобри собирањето податоци, перцепцијата на корисникот за услугата и ќе ги намали оперативните трошоци.