УШТЕ ЕДЕН УДАР ЗА АВИОКОМПАНИИТЕ ПОСЛЕ ЗАБРАНАТА ИЗДАДЕНА ОД ТРАМП ЗА ПАТУВАЊЕ ОД САД ВО ЕВРОПА
Претседателот Доналд Трамп изјави дека ќе ги прекине сите патувања од многу европски земји во очајнички напор да го запре ширењето на коронавирусот.
Трамп ја објави невидената забрана за патување вчера вечер по локално време во своето второ обраќање од својот кабинет. Тој, исто така ги откри итните економски мерки, вклучително и даночните олеснувања без камати за американските граѓани.
„Ќе ги прекинеме сите патувања од Европа кон САД во наредните 30 дена“, изјави Трамп во 10-минутното обраќање. „Новите правила ќе стапат на сила во петок на полноќ“.
Забраната за патување која ќе важи еден месец и ќе стапи на сила од петок се однесува на патниците од ЕУ 26, односно Шенген зоната, што значи дека нема да бидат забранети посетители од земји како Русија и Велика Британија, појасни Белата куќа по говорот на Трамп.
Акциите на авиокомпаниите вртоглаво паѓаат поради епидемијата, за која Светската здравствена организација од вчера ја прогласи за пандемија. Вредноста на производителот на авиони „Боинг“ е намалена за 18%, што претставува најголем пад од 1974 година. Ова се случува откако компанијата соопшти дека ќе запре со вработување и порано ќе го повлече во целост заемот од 13,8 милијарди американски долари како резултат на кризата со коронавирусот.
„Голем број луѓе кои размислуваа да патуваат за Европа можеби повеќе нема да го сторат тоа. Многу европски патници, исто така, може да го избегнат САД ова лето од страв „да бидат фатени ако се вратат ограничувањата“, изјави Хенри Хартвилд, поранешен извршен директор на авиокомпанијата и основач на туристичката консултантска фирма „Atmosphere Research Group“.
Да потсетиме оваа мерка доаѓа после наглото влошување на состојбата во државата Њујорк каде број на заболени се искачи на 212 лица и прогласувањето на пандемија од страна на Светската здравствена организација.