УКРАИНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ГИ ОБЈАВИЈА ПЛАНОВИТЕ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ТОВАРНИОТ СЕКТОР

Украински железници (УЖ) ги објавија плановите за развој на својот товарен сектор, вклучувајќи нови меѓународни линии и поголем фокус на интермодална испорака на контејнери.

Плановите ќе ја стават Украина во центарот на мрежата на меѓународни товарни линии што ја преминуваат источна Европа. УЖ вели дека во блиска иднина ќе започне нова рута север-југ од Гдањск, Полска, до Истанбул, Турција, преку Украина. Предвидени се и понатамошни рути меѓу Турција и Полска и Турција – Германија.

УЖ вели дека на крајот планира да развие рута преку Црното Море до Грузија, Азербејџан и Каспиското Море, како дел од плановите за понуда на товарни услуги до Индија.

Работата на новите рути ќе биде координирана од канцеларијата на УЖ во Лиски. Централизацијата има за цел да ја зголеми ефикасноста и да понуди поголема удобност за клиентите.

Новите служби ќе ги искористат плановите на Управата на украинските морски пристаништа и пристаништето Гдањск за развој на нов товарен коридор Балтичко – Црно море што го поврзува Гдањск, преку Варшава, Доронхурск и Медика со Одеса. Двете организации потпишаа писмо со намери за развој на планираниот коридор во декември 2020 година.

УЖ, исто така, планира да го зголеми процентот на контејнерскииот железниќки товарен превоз во Украина од околу 1-2% во моментов на околу 15% за три години. Вкупно 425 000 TEU контејнери беа транспортирани низ Украина во 2020 година,  со што е настанатото зголемување за 10,7% во споредба со 2019 година.

За поддршка на овој план, УЖ ќе изготви предлог за украинското Министерство за инфраструктура што сугерира измени за насочување на царинските прописи и зголемување на ефикасноста и привлечноста на транспортот на товарот низ земјата.

УЖ вели дека планира да развие и нови интермодални терминали во земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *