ТЕНДЕЦИЈАТА НА ЕУ Е ДА СЕ ЗАПРЕ СТУМУЛАЦИЈАТА КОН ЗАГАДУВАЧКИТЕ ИНДУСТРИИ

Не може да се негира дека договарањето за буџето на Европската Унија е еден вид на историско достигнување. За првпат во рамките на ЕУ ќе се започне со опфаќање на еден вид на редистрибуција на средства и нивна пренамена во тешки периоди како перидов со светската пандемија.

Она што е особено добро е објавувањето на планот и конечниот договор во неколку месеци. Инаки постојано се зборува за еврообврзниците, а тоа е се поинтезивно во последниве неколку месеци. Обично процесот на одлучување во рамки на ЕУ е долг и досаден, што воедно е голема е голема слабост.

Луѓето очекуваат водачите во време на криза да водат и да донесуваат решенија правовремено, да делуват одлучно, а не само да даваат предлози за чиешто донесување и усвојување треба долг временски период (1 до 2 години), начин на кој вообичаено постапува Европската Комисија.

Но во овој период тоа не е решение, бидејќи причините се многукратни како на пример: раширеното економско и социјално страдање на повеќето земји како што се Италија, Франција и Франција. Неактивноста може дополнително да ја поткопа легитимноста на владите на овие земји и да отвори пат кон демагогии, пад на еврото или многу полошо сценарио.

Истотака постои размислување или поточно во рамки на Германија се мисли дека индустриите не се меѓусебно поврзани така што би можела да се јави депресија во рамки на Европската Унија и сериозно да ги ослабне и појаките економии.

Буџетскиот одговор од страна на ЕУ нуди помош на некои зелени опции, иако тој гест е далеку од доволен. Скоро третина од средствата мора да се користат за климатски цели. Слично на ова националните планови треба да бидат во согласност со Зелениот Договор и „да не прават штета“ доколку сакаат да ги користат фондовите од страна на ЕУ. Но не е доволно јасно што се смета за климатско трошење.

Комисијата моментално смета дека дел од директната поддршка на земјоделците е „акција за климата“. Истотака не е јасно дали принципот „да не прават штета“ ќе и овозможи на Комисијата да ги запре земјите на ЕУ да не трошат пари на фосилни горива. Имајќи предвид дека станува збор за договор за сите пари кои ЕУ планира да ги троши во текот на следните седум години и дека ние позајмуваме пари од нашите деца, NextGenerationEU не е баш задоволна од овој договор.

Добра вест е дека Европскиот парламент сеуште има можност да го подобри стимулативниот пакет  и веќе се закани дека ќе стави вето, освен ако не се направат одредени отстапки.

Европратениците може да направат разлика во сите важни детали, на пример за се она што претставува зелено трошење или да воведе список на исклучување. Парламентот беше многу гласен во тоа што бараше да има вистинска улога во преговорите за буџетот, со надеж дека европратениците ги завршуваат своите работи.

Некои тврдат дека дефинициите и списоците за исклучувањето не се толку важни. Исто така постојат многу услуги кои се плаќаат за инвестирање во позелена иднина. Но реалноста е дека креирањето на стимулативен план е неуреден процес каде што политичарите треба да сфатат дека трошат огромни средства во мнгу краток временски период.

Актуелните индустрии имаат огромна предност пред новите технолошки чисти индустрии. Обично актуелните индустрии имаат веднаш спремни планови за трошење на средствата (градење на нов автопат, железничка линија), а воедно се постојано должни и не можат да се оправдат пред домашниот буџет.

Автомобислата индутрија е многу гласна кога бара да добие одговор  и подрршка за амбициозен одговор за буџетот на ЕУ, за да се добие поголем колач од финансиите на ЕУ. Затоа треба да се очекува битка за финансиите кои се влеваат во рамки на ЕУ за купување на дизел и бензиски автомобили и камиони.

Германскиот план за обновување содржи шема за отстранување на дизел камионите кои се финансираат преку ЕУ фондовите. Иако ова е лоша идеја и ја очекува ЕУ лавина на лоши реакции, но НВО-ата и think tanks треба да понудат алтернативи.

Користењето на пари од ЕУ за да им се помогне на камионските производители за да ги трансформираат своите фабрики и да ги преквалификауваат своите вработени за да бидат подготвени за брза електрификација е само една од идеите.

Друга идеја би било ЕУ фондовите да се користат да им се помогне на регионите во транзиција погодени од затворањето на фабриките за производство на автомобили. Таквите идеи би требало да се комбинираат со заложбите на производителите на автомобили  и камиони за засилување на производството и продажбата на возила со нулта емисија.

Без разлика дали ќе се успее субвенциите на ЕУ за големите дизел камиони или не, оваа зделка ќе биде важен дел од  финансирањето на Германија. Само Германија можеше да го оствари овој договор.

По летото, Европската Комисија ќе излезе со својот план да ги зголеми своите климатски амбиции. Ова ќе го вклучува предлогот за нивото помошта, раните индикации за иднината на ЕТС, желбата за споделување на законодавството, законот за обновлива енергија и стандардите на ЦО2.

Тогаш Комисијата ќе започне со предлагање на своите први закони – нови регулативи за батерии во октомври, регулативи за чиста испорака и горива за воздухопловство во декември, како и сеопфатна енергија паметна и одржлива мобилност каде се планира да се постават стандарди за ЦО2, полнење и цени  на водородот за патен транспорт. За да се заврши сево ова, ќе се видат резулатите во текот на месец ноември.

Препораката е да се одмориме во текот на летово и да ја пречекаме спремни есента за сите промени кои следуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *