СЕДИШТАТА НА СУПЕР БРЗИТЕ ВОЗОВИ ВО ЈАПОНИЈА КОРИСТЕНИ ЗА ПРЕВОЗ НА РИБА

Источната Јапонска Железница ги тестира супер брзите возови за превоз на риба од Сендаи до Токио.

Тридневната проба е започната на 26 август со риби уловени покрај брегот кај Ишиномаки рано изутрината, кои биле транспортирани со Јамабико 136 кој тргнал од Сендаи во 10:41 часот и стигнал во Токио во 12:48 часот.

Рибите биле наменети за клиенти кои живеат во центарот на Токио, вклучително и ресторани во трговскиот комплекс на железничката станица во Токио.

Ова не е прв случај за транспорт на храна од страна на брзата железничка мрежа, бидејќи риба, свежо овошје и зеленчук се транспортирани и со помош на возовите Јоетцу и Шинкасен, на релација Нигата – Токио, на 17 јануари.

Овие услуги не користат патничко сместување за разлика од најновата програма за тестирање на Источната Јапонска Железница каде што првиот вагон е затворен за патници, така што седиштата може да се користат за транспорт на риба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *