РУСИЈА: ПАРТНЕРСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БРЗИ ВОЗОВИ СО БРЗИНА ДО 400 КМ/Ч

Руските железници, Инжинерскиот центар за железнички сообраќај и Knorr-Bremse склучија партнерство за развој на возови со голема брзина (до 400 км/ч) со цел да ги поврзат најголемите градови во Русија. Се предвидува дека првиот брз воз би можел да започне да сообраќа некаде во 2026 година.

Партнерството објавено на 25 јуни опфаќа обезбедување на услуги за инженерство, консултантски услуги и дизајн, како и развој на оперативната документација и документацијата за поправка на возниот парк составен од брзи возови, воедно и негово производство во Русија.

Центарот за иновации и инжинеринг на возниот парк на ECRT е основан минатата година од страна на РЖД, Sinara Transport и Siemens Mobility со цел развој на возови способни  да развијат брзина до 400 км/ч.

Knorr-Bremse ќе допринесе за зголемено познавање на потсистемите на возниот парк и воедно ќе помогне да се идентификуваат техничките спецификации на идните возови. Оваа компанија доставувала потсистеми за 16 Sapsan возови од групацијата  Siemens Moblity’s Velaro, кои во моментот сообраќаат на делницата од Москва до Санкт Петерсбург и Нижни Новгород со брзина од 250 км/ч.

„Knorr-Bremse со нетрпение очекува да помогне во концептуализацијата на руските возови кои ќе развиваат голема брзина, со што ќе се овозможи луѓето да имаат подобри железнички конекции“ – изјави Харалд Шнајдер, член на управниот одбор на Железничките системи на Knorr-Bremse.

„На долг рок ќе соработуваме со наши партнери за да ја комерцијализираме оваа следна генерација, локализирајќи ја пруга со ширина од 1520 мм.“

Сергеј Козбев, заменик – генерален директор и главен инжинер на Руски железници изјави: „ Руските железници и компанијата Knorr-Bremse соработуваат долги години , а потпишувањето на овој договор несомнено ќе допринесе за развој на железнички услуги со големи брзини во рамки на Руската Федерација“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *