РЕЛОКАЦИЈАТА И РЕСТРУКТУИРАЊЕТО НА СИНЏИРИТЕ ЗА СНАБДУВАЊЕ ЌЕ ПОМОГНЕ ДА СЕ ОПОРАВИ СИСТЕМОТ ЗА ВРЕМЕ ПО ПАНДЕМИЈАТА

Релокацијата во одредни индустрии како на пример собирање на поголеми залихи на производи и компоненти за производство и диверзифицирање на изворите на нивна аквизиција се дел од активностите кои одредени индустрии би ги преземале за да се надминат последиците од пандемијата со КОВИД 19.

Ова е заклучокот на Меѓународната консултанстка компанија Cushman & Wakefield. Покрај ова, компанијата ги рангираше земјите во однос на очекуваниот капацитет и можноста да ги „одмрзнат“ своите производствени сектори, да ги укинат ограничувањата и да ги вратат компаниите во нормала.

Експертите од компанија Cushman & Wakefield направија анализа на влијанието на пандемијата врз глобалната индустрија и тековните состојби на одделни земји и воедно дадоа свое предвидување за продолжување на индустриското производство. Со започнување на фабриките со производство после наметнатите ограничувања се појавуваат нови трендови во однесување на производителите како одговор на глобалната пандемија.

Авторите на извештајот ги класифицираа нивните активности во три групи кои одговараат на временската рамка во која би се појавиле.

Краткорочна перспектива

Производствените компании би складирале поголеми залихи, се додека не се реконструираат правовремено синџирите за снабдување со стоки. Истовремено производствените линии ќе се подготвуваат со зголемување на флексибилноста во случај да се дојде до втор бран на пандемијата или затворање на фабриките на подолг рок.

Среднорочна перспектива

Би требало да постои диверзификација на изворите од кои може да се снабдуваа со компонентни потребни за производство, вклучувајќи ги локалните извори или соседните земји, односно изворите на компонентни да бидат поблиску до производствениот капацитет.

Долготрајна перспектива

За некои индустрии решението ќе биде релокација, односно да се доближат изворите на компоненти за производство до производствените капацитети и воедно да се реструктуираат синџирите на снабдување.

Релокацијата би овозможила скратување на должината и времетраењето на синџирите ан снабдување, давајќи им на производствените капацитети поголема контрола врз обемот на производство и дозволувајќи им флексибилно да одговорат на побарувачката. Понатаму, автоматизацијата, роботиката и 3Д принтот бараат реинвестирање во атрактивни решенија во однос на трошоците.

Новите договори (Договорот за Брегзит, Договорот за слободна трговија со Северна Америка) и воедно постоечките трговски војни ги зголемија цените на суровините за производство и со тоа следствено ги зголемија цените на крајните продукти.

Значителното нарушување на глобалното производство предизвикано од тековната пандемија ги поттикна глобалните добавувачи на готови производи да ги продолжат дискусиите за релоцирање, што беа започнати уште пред пандемијата. Од друга страна пак, повторната масовна релокација и пронаоѓањето на сировини од поблиски места не може да случи брзо и едноставно, потребно е долго соодветно планирање на долг рок.

„За да се изгради еластичност при појава на втор бран на пандемијата или втор бран на појава на мерки на ограничување, производителите имаат поголема веројатност да се справат со две најитни слабости: материјали и компоненти во снабдувањето и синџирот на снабдување“ – изјави Лиза Грахам, главен шеф на индустриски истражувања во EMEA, Cushman & Wakefield.

Рангирање на најдобрите локации за индустриите

Бидејќи производствените компании се обидуваат да ги заштитат своите производствени линии  додека развиваат стратегија за враќање на профитабилноста, Cushman & Wakefield се истотака вклучени со својот Глобален производствени индекс на ризици 2020, при што даваат список на локации  за индустриско производство на 48 земји во Европа, Северна и Јужна Америка и Азија. Индивидуалните земји се рангирани според очекуваниот капацитет на „одмрзнување“ на индустрискиот сектор и укинување на ограничувањата поврзани со пандемијата.

Рангирањето се заснова врз проценка на шест клучни варијабли во однос на нивниот проценет придонес во однос на закрепнувањето на производствениот сектор по пандемијата.

Иако коронавирусот ги парализира кинеските производители неколку недели по ред, сепак земјата успеа да ја задржи лидерската позиција. Второто место им припадна на Соединетите Држави на Америка.

„Кина и САД се големи потрошувачки пазари, изобилуваат со работна сила, имаат снабдувачки капацитети, воедно се поддржани како на федерално така и на државно ниво со комплетно поставена инфраструктурна мрежа“ – изјави Џејсон Толивер, генерален директор на новите истражувања во Cushman & Wakefield.

„Со брзото усвојување на технологијата во производствените процеси , САД и нејзината работна сила со повисоки трошоци би можеле да се натпреваруваат со Кина со производство на работна сила“ – додаде Толивер.

Третото место во ова рангирање и припадна на Индија, која напредувала до четвртата позиција од ланската година.

„Индија која веќе има силна позиција во секторите на фармација, хемија и машинство, воедно ја користи главната точка на трговскиот спор помеѓу Кина и САД, од која може да профитира поради релокацијата на производствените капацитети од Кина во други азиски земји“ – се вели во извештајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *