РАСТЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ВОДОРОДНИ ВОЗОВИ

Возовите на водороден погон нудат чиста, сигурна и оптимална алтернатива за 46% од главните неелектризирани пруги во ЕУ.

Ова го објави Алстом за време на веб-семинарот емитуван од Салцгитер, Германија. Интернет-настанот за новинари од целиот свет беше пренесуван во живо од седиштето на компанијата – Coradia iLint, сопственик на првиот воз на водород во светот.

„Одржливата мобилност е во срцето на стратегијата на Алстом. Половина од железниците во Европа не се електрифицирани и го најдовме решението – воз со нулта емисија на загадување. Оваа технологија ќе има клучна улога во декарбонизацијата на секторот“, изјави Анри Пупар-Лафарж, претседател на Управниот одбор и извршен директор на Алстом. Исто така изјави дека повеќе од 5.000 дизел патнички возови ќе треба да бидат заменети во Европа до 2035 година.

Coradia iLint веќе помина повеќе од 200.000 км од 2018 година. Првите 14 возови со водород во светот ќе бидат пуштени во употреба во март 2022 година во Долна Саксонија, Германија. „После 18 месеци активно тестирање на патничките услуги, ние сме многу задоволни од перформансите на возовите со водородни горивни ќелии Alstom Coradia iLint. Технологијата е веќе тестирана и ги исполнува сите барања: одржливост, ефективна цена и задоволство на клиентите “, изјави Кармен Швабел, управен директор на LNVG во Долна Саксонија, компанијата што ги нарача првите водородни возови.

Оваа технологија забрзано добива популарност. Алстом веќе работи на нови договори за набавка во Италија и Франција и започна пилот проект во Велика Британија. Компанијата исто така спроведе успешни тестирања во Австрија, Холандија и Германија.

„Водородот има клучна улога во исполнувањето на посветеноста на ЕУ за неутралност од јаглеродот до 2050 година“, рече Јан Лука Бачи, претседател на Алстом Европа. Постои огромен интерес за инвестирање во водородни технологии во Централна и Источна Европа, во земји како Полска, Романија, Бугарија и Грција, кои ги прават првите чекори за промовирање на оваа технологија. Ресурсите обезбедени за секоја земја-членка на ЕУ од Фондот за обновување ќе помогнат да се зголемат инвестициите во оваа насока“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *