ПРЕКРШУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА КАБОТАЖА ВО ГЕРМАНИЈА

Енак Ферлеман, државен секретар на Федералното Министерство за транспорт и дигитална инфраструктура, неодамна ги претстави кварталните резултати на БАГ за контролите на каботажа. Изгледа дека бројот на прекршоци поврзани со каботажа остана на слично ниво во однос на истиот период минатата година.

Според германскиот портал verkehrsrundschau.de, Федералната канцеларија за транспорт на стоки (БАГ) изрече 264 парични казни за прекршоци на каботажа во јануари, февруари и март 2020 година во вкупен износ од околу 560,000 евра. За споредба, во првиот квартал на 2019 година изречени се 279 парични казни . Вредноста на тие достигна вкупно 510.000 евра. Затоа, бројките го оспоруваат тврдењето дека релаксирањето на законите како резултат на криза на пандемијата на коронавирус, ќе ги зголеми прекршувањата на каботажата.

Многу транспортни компании и логистички здруженија беа во голема мерка загрижени дека конкурентите од Централна и Источна Европа ќе предничат во прекршувањата, што дополнително би го зголемил конкурентскиот притисок. Како што се испоставува, овој страв бил неоснован.

Резултатите од интензивираните инспекции на БАГ водат до слични заклучоци. За време на контролните операции организирани во април, по проверка на 19 возила од странство, откриено е само едно прекршување на каботажата.

Согласно одредбите, дозволени се максимум три каботажи во рок од седум дена по целосно растоварен прекуграничен превоз во Германија, познат и како принцип „3 во 7“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *