ПРВИТЕ ВАГОНИ ОД АЕРОДРОМСКАТА МЕТРО ЛИНИЈА 11 ПРИСТИГНАА ВО ИСТАНБУЛ
ТУРЦИЈА: До крајот на месецот ќе се спроведат пробни возења на идната метро линија 11 во Истанбул, што го поврзува новиот аеродром со Гајреттепе, откако беше доставена првата гарнитура на 6 септември.
Возовите се производство на кинеската компанија ЦРЦЦ Жужу, на кои во април им беше доделен договор од 5 милиони турски лири како единствен понудувач. Флотата се произведува со 60% локални материјали, а сите 176 вагони е предвидено да бидат испорачани во рок од 32 месеци.
Тие ќе имаат максимална работна брзина од 120 км на час, што е најголема за метро мрежа во Турција.
Линијата од 37,5 км ја гради конзорциумот Колин и Шенбај според договорот од декември 2016 година, вреден 999,8 милиони евра. Поставувањето на пруга започна во јануари, а линијата се очекува да се отвори во август следната година.
Аеродромот е дизајниран да опслужува до 200 милиони патници годишно, а во последната фаза ќе го опслужуваат две метро линии и главна железничка врска. Втората метро линија е веќе во изградба од приградскиот железнички центар на Халкали до аеродромот, што се очекува да се отвори на крајот на 2022 година.