ПАРИЗ ОВЛАСТИ ТРОЈЦА ОПЕРАТОРИ СО Е-ТРОТИНЕТИ ДА СЕ РАСПОРЕДАТ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ГРАДОТ
Dott, TIER и Lime добија двогодишен договор (како дел од Paris e-scooter RFP) за организирање на флота од 5 000 е – тротинети наменети за превоз низ градот Париз.
Dott, TIER и Lime се избрани на огласот објавен минатиот декември и воедно ќе потпишат договор за зафаќање на јавен простор, со кој што им се дава овластување за распоредување на е – тротинети за одреден надомест.
Се создаваат 2 500 паркинзи за е -тротинетите од кои скоро 2 200 паркинг места се завршени. Одговорноста на операторите е да ја регулираат нивната флота од е -тротинети и да нема прекршоци во паркирањето.
„Lime е задоволен што е избран од страна на градот Париз и можноста што му е дадена да работи со одржливи, сигурни прифатливи опции за транспорт.“ – изјави Garance Lefèvre, директор за јавни работи во Lime. „Благодарни сме што многу службени лица учествуваа во овој процес и ја цениме нивната доверба во нашето работење и посветеноста и одржливоста. Остануваме целосно насочени кон подобрување на услугата и иновациите со што воедно ќе можеме да ги надополниме долгорочните цели на градот на светлината, Париз.“ – додаде Lefèvre.
„Во име на тимот на Lime, ние сме воодушевени што нашите возачи се разнолики, без разлика дали тие живеат во Париз, дали се туристи или едноставно минуваат низ градот“ – додава Antoine Bluy, шеф на операции во Lime. „Овој избор е едноставно признание за нашата посветеност и секојдневното стремење за подобрување на нашите услуги.“ – додава тој во својата изјава.
„Ние сме горди на овој договор со градот и со тоа да го донесеме нашето решение кое воедно е климатско, неутрално патничко решение на најголемиот пазар на е-тротинети во светот. Париз со право го освои местото на град кој се стреми кон користење на зелен транспорт и ја зазема водечката улога во овој дел, односно да ги наведе парижани да користат зелен и одржлив начин на транспорт.“ – изјави Lawrence Leuschner, директор и коосновач на TIER.
„Нашата експанзија оваа година покажа дека имаме поддршка од нашите клиенти ја потврди нашата посветеност на градење на подобри и подоржливи градови. “ – додава тој.
Во објавата на социјалните мрежи компанијата Dott имаше соопштение во кое се вели: „ Ние сме среќни и горди. Оваа одлука е потврда за секојдневните напори на нашиот тим. Ние сме оператор за мобилност, а не дигитална платформа. Нашата мисија е да ги направиме позелени градовите и да има одржлив транспорт за секого.“
Во време на Ковид 19 индивидуалните одржливи транспортни средства секогаш ќе бидат примамливи за граѓаните како дел од транспортните мобилни средства. Ако некогаш градот размислувал и вовел такси превоз кој и ден денес се обавува со автомобили, зошто да не се воведат и оператори на одржливи транспортни средства како е – тротинетите, е- велосипедите, обичните велосипеди, е-возила и сл.
Јасно е дека ваквото стратешко решение ќе изискува и соодветна инфраструктура за овој превоз, но самиот развој и прифаќање на овој вид превоз ќе значи притисок за побрз развој на соодветната инфраструктура која во секое време може да се оформи на постоечката патна инфраструктура.
Најавите дека вирусот нема брзо да си замине, не тера повеќе да размислуваме за овој вид на превоз отколку за автобускиот превоз, но сепак, „како и да е“, организираниот јавен превоз секогаш ќе биде економски и климатски поприфатлив.