ОНТАРИО ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА YONGE NORTH МЕТРОТО

Регионалната општина на Јорк и провинцијата Онтарио во Канада потпишаа прелиминарен договор за продолжување на метрото „Јонг – Север“.

Прелиминарниот договор за јавно приватно партнерство во превозот за рeгионот Онтарио – Јорк  е само чекор поблиску до подобар транзитен систем до Големата област на Торонто (Greater Toronto Area – GTA).

По потпишувањето на договорот, министерката за транспорт, Каролина Мулрони и соработничката на министерката за транспорт, Кија Сурма дадоа заедничка изјава поврзана со прелиминарниот договор.

Продолжувањето на метрото „Јонг – Север“ е еден од четирите приоритетни проекти за новиот план за метрото во Големата област на Торонто, преставен од страна на Онтарио.

Од крајот на минатата година, Онтарио е во преговори со регионот Јорк за финализирање на партнерство за Онтарио – Јорк.

Овој прелиминарен договор го отвора патот за продолжување на метрото, кое ќе ја прошири линијата 1, северно од станицата Финч.

Заедно со прелиминарниот договор за транзинтно партнерство Онтарио – Торонто, градот Торонто и рагионот Јорк имаат за цел да соработуваат во насока на реализирање на „Новиот транзитен план за метрото во до Големата област на Торонто“

Планот истотака вклучува и нова линија за Онтарио, тристепено продолжение на метрото Скарборо и продолжувањето на Елингтон Кростаун Вест.

Во заедничката изјава од страна на Министерството за транспорт се вели: „ Со провинцијата и општинските власти кои сега се цврсто решени и усогласени во поддршката на планот за Онтарио, ние заеднички ќе продолжиме и ќе ја повикаме Федералната Влада да учествува во проектот со фер удел, односно финансирање на 40% од нашите најзначајни нацрт – проекти за метрото“.

„Воедно ја повикуваме Владата да допринесе со дополнително финансирање, над она што е веќе доделено, за да може да се премости јазот и да се работи стабилно со предвидливо финансирање, бидејќи и тие самите ова го најавија во нивната предизборна кампања“.

„Формализирање на ова партнерство со финансирање од страна на Федералната Влада останува приоритет, со оглед на значајните придобивки на локалната, регионалната и националната економија што ќе се генерираат со помош на Планот за Онтарио во следниве десет години, па и понатака“- се вели во понатаму во изјавата.

Продолжувањето на метрото „Јонг – Север“ е проект кој потпаѓа во различни јурисдикции и ќе се движи подземно низ градот Торонто до градот Ричмонд Хил и низ градовите Воган и Маркам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *