НОВ ПОДВОДЕН ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗЕ ДАНСКА И ГЕРМАНИЈА

Данска ја одобри изградбата на Femern Belt Link, подводен тунел кој треба да поврзе два острови од кои едниот и припаѓа на Данска, а другиот остров и припаѓа на Германија.

Овој проект чини 7,6 милијарди американски долари и за првпат беше преставен во 2015 година и требаше да биде завршен до 2024 година, но дури оваа година за истиот проект беше дадено зелено светло.

Новиот подводен тунел ќе ги поврзе данскиот град Радбахаван на островот Лоланд и северно-германскиот остров Фехмарен на Балтичкото Море.

Овој проект претставува „ретка меѓугранична иницијатива“ и се укажува дека истиот ќе биде многу поразличен од веќе популарните подводни канали за премин како што е на пример: Channel Tunnel, преминот меѓу Британија и Франција.

Врската Femern Belt Link ќе се состои од железничка и патна линија, па така ќе биде со должина од 18 километри и во него ќе има електрифицирана железничка линија и автопат со 4 ленти.

За разлика од останатите тунели кои се целосно бетонски, подводните тунели се градат од шупливи бетонски целини кои дел по дел се спојуваат под вода и се формира тунелот.

Во крајна линија, изградабата на Femern Belt Link, би требало да започне во 2021 година и се очекува тунелот да биде пуштен за јавна употреба во 2029 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *