НОВ МАГЛЕВ СУПЕР БРЗ ВОЗ ВО ЗАВРШНА ФАЗА НА ТЕСТИРАЊЕ

Кудамацу, префектура на Јамагучи – Новиот Маглев прототип во железничката индустрија т.н. Шинкасен „куршум“ воз кој е дизајниран и наменет за проектот Linear Chuo Line за Централната Јапонска Железница е скоро готов за завршно тестирање на железничката пруга.

Првиот тест на овој супер брз воз се очекува да се случи на крајот од месец мај во префектурата Јамагучи, откако е завршен во месец март во фабриката Хитачи. Компанијата оваа информација за првпат ја објави 25 март оваа година.

„Постигнавме 80 -90 % од комплетирањето.“ –  изјави Мотоки Тераи, главен директор на Развојното одделение на JR Tokai. „Ние многу повеќе ќе ја подобриме комфорноста и сите останати аспекти на овој воз.“

Предниот дел на возот е аеродинамичен, нерамна форма со која се намалува количеството на воздух на кој дава отпор при движењето дури 13% помалку во споредба со класичниот супер брз воз на LO серијата на Шинкасен возовите, според изјавата на оваа железничка компанија. Со ова се намалува целокупната бучава и потрошувачка на електрична енергија на возот.

Новиот воз ќе добива електрична енергија по безжичен пат преку земјата и со тоа ќе ги напојува светлата и климатизацијата во возот, што значи дека повеќе нема да има потреба од внатрешен генератор кој ќе ги напојува истите.

JR Tokai планира да ја отвори  линеарната железничка линија Чуо Шинкасен во 2027 година и со тоа да ја поврзе станицата Шинагава во Токио со станицата Нагоја во префектурата Ачи.

Тераи истакна дека проектот Linear Chuo Line е во фаза на собирање податоци  и дека железничката компанија треба уште да размислува за пробно пуштање во јавност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *