НОВ ДИЗАЈН ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ ВОЗОВИ (S-BAHN) ВО ШТУТГАРТ

„Бомбардиер Транспорт“ откри дека Дојче Бан е скриен клиент кој во декември 2018 година го потпиша договорот од 437 милиони евра за регионалните возови (S-Bahn) во Штутгарт, кои ќе имаат нов дизајн.

Според договорот помеѓу 58 дополнителни возови од серија BR 430 ќе бидат испорачани што ќе создаде флота од вкупно 155 возови од истата серија.

Договорот е за 58 дополнителни регионални возови S-Bahn од серијата BR 430 за регионот на Штутгарт.

Неодамна, DB го постави  новиот надворешен дизајн на флотата на овие возови, со визуелни сигнали за навигација на патниците на перонот кон соодветните делови на возот.

„Среќни сме што Дојче Бан и Здружението на регионот во Штутгарт уште еднаш се одлучија за BR 430 серијата за проширување на опсегот на услуги на нивната мрежа на возови S-Bahn“ – рече Бруно Пошман, раководител на портфолиото на Дојче Бан во Bombardier Transportation.

Поголемиот дел од новите S-Bahn возови во Штутгарт ќе бидат испорачани со новиот дизајн на екстериерот. 97 возови од истата серија кои се веќе во функција,  сообраќаат и превезуваат патници во регионот на Штутгарт  се целсоно компатибилни со новите возови, така што се овозможува сите возови да бидат споени заедно.

Покрај тоа, машиновозачите увидоа дека кабината за возење и контролниот систем на возилата се идентични со возовите кои функционираат во моментов и со тоа се елиминира потребата за дополнителни обуки.

Возовите се многу еколошки и се опремени со интелегентно управување на енергијата при што вишокот енергија кој обично се губи при сопирањето се користи за напојување на внатрешноста за возилата.

Новите возови од серијата  BR 430  им овозможуваат на патниците поголема сигурност, удобност и безбедност додека се во транзит. Возовите со прозирна бариера нудат целосна видливост од крај до крај, се опремени со систем на климатизација  и видео надзор со што се зголемува безбедноста на патниците.

Возовите истотака располагаат со широки и повеќенаменски области и модерен информативен систем за патници кој прикажува информации за поврзување на возовите во реално време.

Овие S-Bahn возови сообраќаат и во областа на Франкфурт.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *