НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА НОВИТЕ ГРАДСКИ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ

Транспортното решение што ја придвижува околината во центарот на вниманието

Моќен погон, динамично забрзување и супериорно возење: MАН моторите на природен гас се исто толку моќни како и нивните дизел колеги.

Кога станува збор за емисиите, тие се со километри напред. Со иновативната технологија на катализатори (тронасочен каталитички конвертор) нeговите емисии се далеку под граничните вредности на Еуро 6, а тоа се постигнува без употреба на AdBlue или филтри за честички.

Мановата технологија на природен гас претставува технологија од прва класа, во голема мерка неутрална CO2 серија кога се работи за обработен биогас.

Исто така овие мотори на природен гас можат да се пофалат со долги интервали на сервисирање, возилата се едноставни за сервисирање и целосно компатибилни со софтверот за дијагностицирање MAN- cat II.

Законски пропишаниот функционален тест за усогласеност со вредностите на емисии се изведува со дијагностицирање на самото возило (OBD) II.

Хоризонталните 6-цилиндрични мотори на природен гас серија MAN E28 опремени се со турбо полначи, интерколери и тростепени катализаторски конвертори.  А името на марката (MAN LION’S CITY) кажува многу за возилото кое има моќни 200 kW (272 КС) за единечните и 228 kW (310 КС) за зглобните автобуси.

Инсталираниот гасен систем

При вториот поглед, градскиот автобус на природен гас може да се препознае по аеродинамичната хауба на покривот.

Во него се наоѓаат резервоарите за природниот гас под притисок каде е складиран гасот при работен притисок од 200 бари.

За да се прилагоди опсегот на работа спрема побарувачка, моќе да се вградат помеѓу 4 и 9 резервоари во системот за модуларно складирање.

MAN нуди две категории на гасни резервоари и тоа синтетички композитни резервоари кои содржат до 214 литри и алуминиумски композитни резервоари што содржат најмногу 320 литри. Овој избор предвидува опсег до 500 км, дури и за зглобните автобуси.

Добри аргументи како стандард

Многу фактори се во прилог на овој градски автобус на природен гас: согорувањето на природниот гас создава ниски емисии, особено во врска со емисиите на честички и азотниот оксид.

Како таков, МАН автобусите на природен гас лесно го исполнуваат строгиот стандард за емисии на Еуро 6, без употреба на обемна технологија на филтрирање и скапи адитиви. Покрај тоа, тој е многу тивок, што веќе го почуствувавме на градските улици, бидејќи согорувањето се изведува како кај бензинските мотори со употреба на свеќички, со што се прави многу непречен процес.

Високиот степен на еколошка придружливост оди заедно со висока економичност на моторот на природниот гас.

Ниската потрошувачка на гориво и далеку пониската цена на природниот гас во однос на дизелот ги намалуваат трошоците за работа и овозможуваат брза амортизација и што се однесува до одржливоста, големите резерви на гас се клучен аргумент.

Сите овие се причини поради кои креаторите на политиките го поддржуваат природниот гас како гориво: до 2015 година, се вели дека природниот гас достигна пет проценти од вкупното потрошено гориво во Европската унија, а за оваа година најавате е десет проценти.

Градот Скопје за своето градско јавно сообраќајно претпријатие од оваа марка набави 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со поединечен капацитет од 149 патници кои веќе се ставени во функција.

Истите автобуси исто така се во функција во многу европски градови како Барселона, Варшава,  Љубљана, Софија, Гетеборг и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *