НЕВЕРОЈАТНО ЗА 2028 ГОДИНА! – СУПЕР БРЗ ВОЗ ЌЕ ВЕ ПРЕВЕЗЕ ОД ПАРИЗ ДО АМСТЕРДАМ ЗА 90 МИНУТИ
Возот на Hardt Hyperloop ќе допринесе комплетно да се промени начинот на патување низ цела Европа. Следната деценија се очекува патувањето низ Европа да се одвива на многу едноставен и брз начин.
Холандската компанија Hardt Hyperloop објави дека наскоро ќе изгради ниско-енергетски, супер-брз воз, што ќе ги превезува патниците од Париз до Амстердам за само 90 минути. – објави „Lonely Planet“.
„Она што го прави уникатен овој воз е неговиот висок капацитет за прием на патници, а мала потрошувачка на енергија и развивање на големи брзини што значително го намалуваат времетраењето на самото патување. На пример, патувањето меѓу двата града Амстердам и Париз би траело само 90 минути“ – стои во изјавата на официјален преставник на Hardt Hyperloop за „ Lonely Planet“.
Компанијата е посветена на урбаната деконгестија (меѓудругото и намалување на гужвите во сообраќајот), пренаселеноста, подобар пристап до руралните области и „сето она што го попречува развивањето на човечкиот потенцијал“, информација истакната на веб порталот на компанијата Hardt Hyperloop.
Според истражувањето спроведено од страна на компанијата, новиот воз би станал реалност за голем дел од патниците уште во 2028 година – информација која ја нуди „ Lonely Planet“. Компанијата се фокусира на пет рути кои потенцијално би можеле да го променат начинот на кој луѓето секој дневно патуваат.
Компанијата истовремено се фокусира на национални и меѓународни превози. Но, новиот воз не само што ќе ги поврзе Амстердам и Париз, туку на национално ниво ќе го поврзе Амстердам со Гронинген и Хаг, а на меѓународно ниво е предвидено возот да ги поврзе Амстердам со Дизелдорф и Франкфурт.
Стефан Мерџ, директор на проектот на Hardt Hyperloop изјави дека „возот може да го поврзе Амстердам со Ајндховен, кој е оддалечен на 90 минути патување со автомобил, но патувањето со овој воз би траело околу 15 минути. Патувањето во двете насоки помеѓу Амстердам и Дизелдорф, вообичаено трае два и пол часа патување со автомобил, во овој случај би траело половина час.“
Компанијата уверува дека ова би можело драстично да го промени начинот на патување, односно да ја промени перцепцијата на гледањето на својот дом и местото каде работиш. Ќе се овозможи патувањето за на работа да трае многу пократко и да биде подостапно. На пример, можете да одите да работите во Амстердам, а вашето место на живеење да биде некаде подалеку.
„Хиперлуп“ возот ќе поминува низ станиците на неколку минути, така што поминувањето од точка А до точка Б ќе биде поедноставено, слично на функционирањето на метроата во Њујорк и Лондон.
Поврзувањето на градовите во меѓународниот сообраќај може да влијае врз функционирањето на воздушниот сообраќај, нудејќи поефикасен и енергетски поекономичен начин за патување долж континентална Европа.
Во период кога загадувањето се зголемува, а еко-свеста на луѓето е на високо ниво, се очекува користењето на овој воз да биде големо. Исто така постпандемискиот период би оставил трага врз начинот на перцепија на патувањето кај луѓето, па реално е да се очекува дека започнувањето на овој воз да сообраќа би се прифатил и би се проширил меѓу луѓето многу брзо.
Додека оваа иновација е оддалечена скоро една деценија, сепак очекувањата се дека ќе донесе многу придобивки во железничкиот сообраќај особено за оние патници кои патуваат на големи растојанија.