НЕВЕРОЈАТНИ ФАКТИ ЗА АВИОНИТЕ КОИ ЌЕ ВЕ ИЗНЕНАДАТ

Можеби сте редовен патник, можеби авионите ги користите повремено кога одите на некое патување, но во секој случај ќе ве изненадат информации за тоа што се се случува во авионот позади сцена односно она што вие не го гледате.

Ќе ве интересираат многу работи, на пример: зошто гумите на авионот не му пукаат кога тој слетува?, Колку е опасно ако авионот изгуби еден мотор?, Дали водата во авионот смее да се пие? итн.

Некои авиони може да продолжат со летањето и повеќе од 5 часа откако ќе откаже еден од нивните мотори

ETOPS (extended twin operations) е ознака која што укажува дека авионот со два мотори може да продолжи безбедно да лета ако еден од моторите остане да не работи. Во 2014 година, Боинг 787 Dreamliner заработил 330 минутни ETOPS сертификати, што значи дека може да работи повеќе од пет часа пред безбедно да слета.

Ако некој почине во текот на летот, неговото тело може да остане во кабината со вас додека трае летот

Иако можеби си претпоставувате дека постои некоја стандардна процедура што следи ако некој од патниците почине во текот на летот, она што всушност се случува во голема мера зависи од типот на авиокомпанијата или од видот на авионот со кој што летате.

Додека одредени авиони како што е Ербас А340-500 на Сингапур ерлајнс, биле изградени со посебни места за складирање на телата на починатите. Протоколите кај повеќе авиокомпании пропишуваат ако се случи смртен случај за време на летот, телото се преместува до задниот дел на авионот, каде што ќе биде целото покриено освен главата и по слетувањето се чека медицински лица да ја констатираат смртта.

Маските за кислород не се наменети да го издржат целиот лет снабдувајќи со кислород

Според извршените истраги од страна на Одборот за истраги и несреќи и безбедност при летањето, овие маски нудат континуирана достава на кислород од само 12 минути. За среќа, толку време е потребно авионот со кој летате да најде безбедно место за слетување.

Пилотите често заспиваат на своите работни места

Се запрашувате кој го управува авионот со кој се возите? Можеби никој, особено во некои делови од летањето. Според извештајот во 2017 година доставен од Британското здружение на пилоти  (BALPA), во групата на анкетирани 500 пилоти, 43% од пилотите признале дека случајно заспале додека пилотирале со авион, додека 31% од нив признале дека кога се разбудиле од својата дремка исто така приметиле дека и нивниот копилот спие.

Црните кутии не се всушност црни

Црната кутија позната и како снимач на податоци за време на летот е всушност со портокалова нијанса. Таа боја се користи бидејќи е отпорна на топлината  и е полесно впечатлива.

Авионскиот воздух е многу посув од кое и да било место на земјината топка

Според Светската здравствена организација, просечната влажност на воздухот во еден авион е под 20%.

Боинг 747 штеди повеќе гориво отколку еден автомобил

Боинг 747 согорува околу 3.78 литри гориво на секоја секунда односно 19 литри за помината милја. Ако споредиме со автомобил, тој со 3.78 литри гориво поминува 25 милји, но бројот на патници меѓу овие две превозни средства е неспоредлив, па затоа се доаѓа до заклучок дека потрошувачката на гориво е помала кај авионот бидејќи пренесува поголем број на патници.

Еднаш еден киднапер се откажал од киднапирањето на летот за едно пиво

Во 1985 година, бивш затвореник кој киднапирал норвешки Боинг 747 вооружен со пиштол, се откажал од својот план кога полицијата ветила дека ќе му овозможи една работа, а тоа е пиво. На крајот авионот безбедно слетал на Форнебу аеродромот во Осло и никој од 115 – те патници не биле повредени, а киднаперот бил уапсен.

Инженер има дизајнирано авион каде кабината со патници може да се одвои се со цел да им се спаси животот

Во 2016 година, украински аеро – инженер откри систем кој им овозможува на пилотите да ја исфрлат кабината во случај на дефект на моторот. По исфрлањето на кабината треба да се отворат падобрани за безбедно да ги спушти патниците на земја. Но како што кажуваат статистиките, повеќето несреќи не се случуваат поради откажување на моторот. Најчесто проблеми со авионите се јавуваат при полетување или при слетување, на пилотите им останува многу малку време за да можат да ја исфрлат кабината.

Најнечистото место во авионот не е тоалетот

Најнечистото место во авионот е послужавникот пред секој патник од кој се пие пијалок и кафе и се конзумира храна. Според студијата спроведена од страна на TravelMath, таблите од послужавникот се домаќини на 2 155 бактерии на секој 2 квадратни сантиметри. Во споредба со копчето за испирање на тоалетот кое имало 265 бактерии на истиот простор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *