НА 18 ЈАНУАРИ ПРВИОТ РЕКОНСТРУИРАН ПЕНДОЛИНО ОД СЕРИЈАТА ЕТР 470 ВО СОЛУН

На 18 јануари во Солун пристигнува, првиот од петте Пендолино – „Сребрени стрели“, серија ЕТР 470 комплетно реконструирани и адаптирани за грчкиот пазар.

Овие електро-моторни возови што ТРАИНОСЕ, Подружницата на TRENITALIA во Грција, ги купи од мајката фирма, инвестирајќи околу 50 милиони евра за нивно купување и нивната реконструкција.

Првиот воз што ќе дојде во Грција, ќе биде стациониран во солунското депо, додека другите четири – сите од серијата ЕТР 470 и семејството Пендолино, ќе пристигнат во Грција до септември 2021 година.

Истите возови во 2018 година беа повлечени од сервисот на ТРЕНИТАЛИА со големи брзини, Frecciabianca и упатени на реконструкција и адаптација за железничката мрежана соседна Грција.

Треба да се напомене дека возот после реконструкцијата наместо името „бела стрела“ може да го добие приматот на „сребрена стрела”.

Како што изјави за GRTime, управниот директор на ТРАИНОСЕ, проф. Филипос Цалидис, компанијата, член на Групацијата ФСИ, инвестира во модерен возен парк, но исто така и во својата техничка база, односно во современо депо во Солун.

Инвестирани се над 18 милиони евра во овој технички комплекс и работите за негова надградба ќе завршат во февруари. Како што истакна г. Цалидис, со завршувањето на проектот, одржувањето на влечните средства ќе биде автоматизирана. Комплексот ќе биде една од најсовремените техничко-железнички депоа во Европа, но и „скапоцен камен“ за регионот каде што се наоѓа.

ТРАИНОСЕ носи реконструиран, релативно нов возен парк во Грција, иако проектите за сигнализација, телекоманда и ЕТЦС долж пругата Атина-Солун сè уште не се завршени.

Со новите возови, развивајќи брзина до 160 км/ч, како и модернизацијата на пругата со новите системи која е во тек, управата на ТРАИНОСЕ очекува времето на патување помеѓу Солун и Атина да се сведе на само 4 часа.

Новите возови во својот состав имаат девет вагони, од кои едниот ќе биде ресторан и бар. Три од вагоните ќе бидат од прва класа и четири од економска класа.

Секој воз ќе може да превезува над 600 патници и ќе обезбеди удобности и услуги за релаксирачко и брзо патување. Со „Стрелата“, ТРАИНОСЕ се стреми да добие дел од превозот што во моментот се одвива со авион.

Следните важни одлуки за транспортниот дел од планот за развој ќе бидат донесени до крајот на 2022 година. Потоа ќе се одлучи дали компанијата ќе се снабдува со нови хибридни возови, како што беше планирано до релативно неодамна, или ќе направи скок кон снабдувањето со водородни возови, додаде г. Цалидис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *