МАЛО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИНДЕКСОТ НА ЦЕНИТЕ НА ТРАНСПОРТ ВО ЈУНИ

Според најновата анализа на европскиот пазар на транспорт спроведена заедно од ТИМ Консалтинг и Транспореон, т.н. Транспорт маркет монитор, индексот на цените на транспортот во јуни во однос на мај 2020 година се зголеми за 3%.

Сепак, индексот на цените на транспортот во јуни 2020 година (91.3) во однос на истиот период лани (106,61) е помал за 14,3%.

Од друга страна, индексот на капацитет, што ја одразува достапноста на транспортните капацитети, во мај 2020 година достигна 179,8, падна на 139,2 во јуни – намалување за 22,5%.

Гледано во однос на јуни 2019 година (107,0) во јуни 2020 година, индексот на капацитет е поголем за 30,1%.

Транспорт маркет монитор се заснова на податоците за пазарот од платформата Транспореон, која поврзува повеќе од 1.200 испраќачи и 90 000 превозници во над 100 земји.

Извор: office-ivanovic.rs

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *